|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Предговор
Почитувани читатели,
Пред вас е третиот број на публикацијата „Граѓански практики“ на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), овој пат посветена на темата „Образованието на Ромите во Македонија“.
Со изборот на оваа носечка тема сакавме да дадеме придонес во дебатата за образовните проблеми на Ромите и за можностите за разрешување. Избраните написи ги содржат видувањата на авторите за образовната состојба и проблеми на Ромите во Македонија, но и нивните предлози за можни решенија и за подобрување на состојбата. Авторите направиле напори своите ставови да ги аргументираат со релевантни статистички податоци, од кои дел се резултат на нивниот личен ангажман на ова поле.
Секако, како и при секоја отворена и демократска дебата, видувањата, оценките и ставовите на авторите се различни. Токму искажаните разлики, се надеваме, ќе придонесат за квалитетно и сериозно разгледување на различните аспекти на разгледуваното прашање.
Интеграцијата на Ромите е голем предизвик пред македонското општество и држава и ќе бара широка општествена мобилизација и акција. Достигнувањето на европските стандарди и вредности нема да биде можно доколку во општеството не се обезбедат услови за рамноправен пристап за сите. За таа цел ќе биде потребна цврста и функционална соработка помеѓу јавниот, граѓанскиот и приватниот сектор (вклучувајќи ги и медиумите).
Како и досега, граѓанскиот сектор, особено ромските граѓански организации, ќе треба да игра активна улога и максимално да ги користат расположливите ресурси за подобрување на образовната состојба на Ромите во Македонија. Притоа, граѓанските организации ќе мора с# повеќе своето работење да го базираат на студии и истражувања и внимателно да ги документираат и јавно да ги презентираат резултатите на нивниот ангажман. Меѓу другото, ова издание на “Граѓански практики” претставува осврт на искуствата на граѓанските организации и своевидна оценка од различни автори на досегашните резултати.
Изданиево е скромна честитка на МЦМС до ромската заедница во Македонија по повод 8 Април – Светскиот ден на Ромите. Празникот сакаме да го честитаме со мотото на минатогодишната прослава:
Сите сме едно. Честит 8 Април!
Владимир Лазовски Соработник на проект во програмата Применето образование на младите Роми
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|