|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
УНДП
Обединети нации, Владата и партнерите ќе го прослават „Денот на Обединетите нации“ - 24 октомври
СКОПЈЕ, 23 октомври, 2003 година - На 24 октомври, 1945 година официјално почна да постои Организацијата на Обединетите нации. Нејзината повелба беше ратификувана од страна на Кина, Франција, Советскиот Сојуз, Велика Британија, Соединетите Американски Држави, како и повеќето од другите потписници. Секоја година на 24 октомври, Денот на Обединети нации се прославува низ светот.
Во Македонија Обединетите нации се активни преку своите 14 агенции - УНДП, УНИЦЕФ, ВХО, ФАО, УНХЦР, ИОМ, УНМИК, ОХЦХР, УНОЦХА, УНОДЦ, УНАИДС, ИЦТИ (UNDP, UNICEF, WHO, FAO, UNHCR, IOM, UNMIK, OHCHR, UNOCHA, UNODC, UNAIDS, ICTY), Светската банка и ММФ. Заедно, семејството на Обединетите нации соработува со Владата на Република Македонија на продлабочување на идеалите на Системот на Обединетите нации и подобрување на животот на луѓето во Македонија.
Во петок, 24 октомври, неговата екселенција г. Борис Трајковски и постојаниот координатор на Обединетите нации, г. Фроде Мауринг, ќе им се обратат на министерствата во Владата, дипломатскиот кор, претставниците на општинските власти, лидерите на заедниците, претставниците на граѓанското општество и персоналот при Обединетите нации, по повод прославувањето на „Денот на Обединетите нации“ што ќе се одржи во 12:00 часот во х. Холидеј ин, Скопје. За збогатување на културниот дел ќе се погрижат групите „Стринг форсис“ (String Forces) и „Окарина“.
Постојаниот координатор на агенциите на Обединетите нации во Македонија, г. Фроде Мауринг, исто така, ќе ги објави победниците на првото годишно Признание за најдобро дело од областа на новинарството и фотографијата, коишто ќе се доделат од страна на Обединетите нации.
Претставниците на медиумите срдечно се поканети да присуствуваат на оваа прослава. |
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|