среда, 05 јуни 2013

english version

Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт

ПЕЧАТЕНО ИЗДАНИЕ
Последно издание
Нарачка преку e-mail
Контакт
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 2

   

Активности на теолошките факултети
 
Одржана е конференцијата Религиозен плурализам во Котор

Во организација на одделот за 1/1 сто-рија на религија при Универзитетот во Осло и со финансиска поддршка на Министерството за надворешни ра-боти на Норвешка во периодот 22.03.2004 до 25.03.2004 во Котор се оддржа конференција со наслов „Религиозен плурализам". На конференцијата присуствуваа научници од оваа област од Нор-вешка, Македонија, Босна и Херце-говина, Србија и Црна Гора и Ал-банија. МЦМС учествуваше со еден претставник.

Целта на конференцијата беше да се поврзе група на истражувачи кои имаат интерес за истражувања за улогата на религијата во модерното општество, односно улогата на рели-гијата во создавањето на нацио-налниот и етничкиот идентитет, обра-зовната политика, теми кои се одне-суваат на свети обиекти, меѓу-рели-гиска соработка, за да се оствари слободна и целосна раз-мена на знаења и идеи. Конференцијата започна на 22.03.2004 година со воведно излагање на ше-фот на кабинет за рели-гиозни прашања на запа-ден Балкан од норвешкото министерство за надво-решни работи Јан Брадо. Во рамките на оваа кон-ференција се разменуваа искуства за состојбите на различни земји во поглед на религиозни прашања.

На овој научен собир учествуваа дваесет научници од кои петнаесет од разни земји од Балканот и пет научни-ци од Норвешка.

Норвешката група која содржи пет истражувачи се состоеше од три помлади истражувачи кои во момен-тов работат на проекти во Албанија, Босна, Косово и Македонија и два поискусни истражувачи кои работат на проекти кои се однесуваат на религиозниот плурализам. Во рамките на конференцијата беа презентирани повеќе научни студии. Студиите се однесуваа на улогата и влијанието на религијата во овие земји. Накратко се презентирани состојбите во овие општества, а по предавањата се дебатираше по пра-шањата кои се однесуваа на улогата на религијата во општеството. При презентирањето на студиите се направи споредба и на методологиите кои се користат во овие земји од страна на научниците, со цел да се согледаат начините на добивање на поквалитетни и поверодостојни пода-тоци.

Конференцијата беше можност за широка размена на информации од областа на религијата од научен аспект. Оваа конференција овозможи запознавање на научници кои работат во областа на социологијата на рели-гија и презентирање на аспектите на религијата во своите општества. На тој начин конференцијата беше мож-ност за меѓусебно запознавање, запознавање сотековните случувања во земјите учеснички, како и созда-вање на услови за меѓусебна сора-ботка во рамките на регионот. Беше предложено да се оствари соработка помеѓу научниците од споменатите земји на повеќе начини и тоа: преку повторни средби од овој вид, создавање на интернет мрежа која ќе функционирала на тој начин што за сите новини и случувања научниците би биле во можност меѓу-себно да контактираат и да сора-ботуваат, создавање на регионални истражувања, како и евентуални преводи на веќе издадени истра-жувања на англиски јазик. Во овој контекст беше и претставувањето на еден интересен предлог кој се одне-суваше на размена на предавачи во рамките на овие земји. Сепак за наредната средба за диску-сија се предложени следните теми: Улогата на религијата во граѓанското општество и политиката; Динамиката на религиозниот и економскиот раз-виток; Законите за религија; Рели-гиски дијалог и религиозни симболи.

 

Подготвила Дервиша Хаџиќ


Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA