Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Интервју

   

Звонко Шаврески, претседател на Полио плус

За собраните потписи пресудно беше активирањето на граѓанскиот сектор

Полио плус ја заврши старата и ја започна Новата 2006 година со собирање 19.000 потписи во рамките на граѓанската иницијатива за предлагање на донесување закон за заштита на правата и достоинството на лицата со хендикеп. Граѓаните ви ја дадоа својата доверба, но што с$ беше пресудно првата иницијатива од ваков вид и формат да ја надмине законската бројка од 10.000 потребни потписи?
Собрани се вкупно 18.968 потписи. Пред с$, за потенцирање е фактот дека во Македонија досега немало успешна граѓанска иницијатива. Сметам дека специфичноста на проблематиката, предлагање за донесување закон за заштита на правата и достоинството на лицата со хендикеп и можноста граѓаните да учествуваат во власта беа основни предуслови за успех на граѓанската иницијатива.

Но, секако, пресудно беше активирањето на граѓанскиот сектор. Повеќе од  100 граѓански организации коишто работат на различни полиња самоиницијативно се вклучија во кампањата. Понатаму, поддршката од медиумите исто така овозможи граѓаните да бидат редовно информирани за текот на кампањата. И на крајот, совеста на граѓаните е тоа најважното (иако имаше потешкотии од аспект на работното време на канцелариите на Министерството за правда кои работеа само од 8 до 16 ч., од понеделник до петок), сепак, граѓаните најдоа време да ја дадат својата поддршка и да покажат дека можеме да бидеме активни креатори на законодавната легислатива.

 

Во кои општини и како резултат на што беа собрани најмногу потписи?
Најмногу потписи беа собрани во 10 општини, или како ние милуваме да ги наречеме, ТОП 10 општини. Резултат на тоа беше иницијативноста и соработката со повеќе чинители: поддршката од локалните власти, активноста на граѓанскиот сектор, пристапот на медиумите и големата заинтересираност на локалното население. Тие општини се рангирани според подрачните одделенија: Прилеп, Карпош, Струга, Делчево со Македонска Каменица, Берово со Пехчево, Гостивар, Неготино, Кочани, Велес и Кисела Вода. Тоа не значи дека другите општини се помалку успешни, но со резултатот од споменативе, собравме 10.564 потписи.

 

Граѓаните беа ставени во центарот, мошне ефектно анимирани со самиот слоган “Твојот потпис е закон”, но како течеше анимирањето на државните и на локалните претставници и институции?
Како што спомнав претходно, повеќето градоначалници уште на почетокот на кампањата ја изразија својата поддршка, кога карванот на Полио плус, предводен од Миле Стојковски, помина низ нивните места. Тие дури и излегоа со своите советници, го дадоа својот потпис и упатија апел до граѓаните на својата општина преку локалните медуми. Таков е примерот со Пехчево, со Радовиш, со Струмица и со уште многу други...

 

Потписите се доставени до законодавниот дом. Како понатаму ќе тече законската процедура до конечното усвојување на законот и што ако не успеете да ги поминете праговите на патот?
Од моментот на поднесувањето на поптисите, Собрането треба во рок од еден месец да го стави предлогот за донесување закон на собраниска седница, кој претходно треба да биде разгледан од заинтересираните работни тела. Наша интенција е на претресот по предлогот за донесување закон, на седницата, Собранието во заклучокот да го задолжи овластениот предлагач да изработи нацрт на законот, како што вообичаено предлага за уредување на системски прашања и закони од поширок општествен интерес. Тоа значи дека законот ќе биде даден на јавна расправа и сите заинтересирани страни ќе можат да коментираат за него, што всушност е и нашата цел, а поради сеопфатноста на законот и неговата функционалност. Зашто донесување закон што не нуди  систем и ефикасна имплементација е “мртво слово на хартија”. (Сите заинтересирани можат да го преземат од веб-сајтот њњњ.ипплг.орг.мк)

 

Колку законот што го предлагате е во согласност со најновата светска легислатива којашто се однесува на заштита на хендикепираните лица и во што е неговата предност, во однос на актуелните закони од оваа област во Македонија?
Законот што го предлагаме дише со меѓународните норми и стандарди, во согласност е со Сеопфатната и интегрална меѓународна конвенција за заштита и унапредување на правата и достоинството на лицата со хендикеп што е во фаза на донесување, како и  според Стандардните правила од ООН за обезбедување еднакви можности за лицата со хендикеп и Кохерентната политика за рехабилитација на лицата со хендикеп  на Советот на Европа, но усогласен е и со националната легислатива на РМ и реалните можности за имплементација на одредбите што се пропишуваат со овој закон. Самиот закон е сеопфатен, што значи дека ги регулира сите области на заштита и наедно предлага механизми за регулација, заштита и имплементација на предложените одредби.

Креирањето на Законот за заштита на правата и достоинството на лицата со хендикеп помина низ неколку фази.

Правата фаза беше скицирање на законот. Само 10 верзии се надоградуваа користејќи ги искуствата од развиените земји и од земјите во развој.

Втората фаза беа консултациите со организации што работат на полето на хендикеп и консултации со домашни и со странски експерти. За таа цел, беа организирани серија работилници низ цела Македонија и беше побарано мислење за законот од експерти во земјава. Секако, претставниците од Полио плус, кои всушност беа дел од официјалната делегација на РМ на Шестото заседание при ОН за донесување на Конвенцијата за лицата со хендикеп, направија консултации со експерти од цел свет.

Третата фаза беше номотехничката обработка на законот, проверка на усогласеноста на законот со  македонскато законодавство и содржинска обработка за да се адаптира истиот на пропишаната форма и унифицираната терминологија.

Во сите три фази, содржината на законот претрпе некои промени, како структурални, така и содржински. Но, важно е да се напомене дека “духот на законот” беше задржан онака како што беше предложен. Секако, тоа не е случајно, туку е токму поради неговата хармоничност со меѓународните норми и стандарди  за правата на лицата со хендикеп. 

Останува Македонија да докаже дека е на вистинскиот пат за влез во евроатланските структури и да донесе закон којшто ќе овозможи лицата со хендикеп да имаат еднакви можности и достоинствен живот во Република Македонија.




Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA