|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Белешки за авторите
Марија Стамболиева е родена на 29.03.1980 година. Таа е дипломиран правник на Правниот факултет “Јустинина Први” во Скопје. Досега учествувала на разни семинари, конференции и трибини. Марија Стамболиева работела како волонтер во британската организација Саве тхе Цхилдрен оф Мацедониа. Како претставник на ССУКМ во Комисијата за правни прашања при универзитетот Свети Кирил и Методиј зема активно учетсво во креирањето на Статутот и други документи на Универзитетот. Има двегодишно искуство како претседател на Сојузот на студентите при Универзитетот “Свети Кирил и Методиј” – Скопје, особено ангажирана околу спроведувањето на Болоњнскиот процес во РМ. Во моментот е советник во проектот “Интернатионал Њинтер Университѕ Мацедониа 2005”, член на Извршниот одбор на ЕСИБ (Европската студентска асоцијација) и член на советот на МЦМС.
Румена Гердовска е родена во 1983 година во Штип. Студент е на трета година на Институтот за социјална работа и социјална политика. Првите ангажмани во невладиниот сектор се во основањето на детскиот парламент на Македонија за Берово, а подоцна и со работата во Канцеларијата за борба против дрога во средното училиште “Ацо Русковски”. Присуствувала на разни семинари и летни школи надвор од Македонија. Во 2001 година е прогласена за најдобар лидер за 2001 година во рамките на Детскиот парламент на Македонија. Од 2004 година се вклучува во активностите на граѓанската организација ИНФО ДРОГА/СИДА, првин како волонтер, а денес веќе како оператор на СОС-линијата за помош од дрога.
Филип Андреевски е роден на 06.10.1983 година. Студент е на трета година по социологија на Филозофскиот факултет во Скопје. Има подготвено повеќе семинарски трудови од областа на социолошките науки, меѓу кои и темата “Социолошки аспекти на сиромаштијата”. Го уредувал изданието “Медиумски слики” (посветено на содржини од информациско – комуникацискиот систем и медиумската политика). Учествувал како анкетар во неколку проекти за истражување на јавното мислење и како аналитичар на медиумскиот третман на изборите во земјава, преку Советот за радиодифузија на РМ.
Иван Петрушевски е роден на 23.02.1984 година во Куманово. Студент е на Правниот факултет “Јустиниан први” во Скопје. Учествувал на повеќе проекти и семинари воглавно организирани и од граѓанските организации, меѓу кои како може да се издвои ПРЕЦ (семинар за меѓуетничка толеранција во соработка со хелсиншкиот комитет), а воедно и со ММУН (Македонски модел на Обединетите нации) како инструктор за средните училишта во Куманово.
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|