|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Нобелова награда за мир
Кениската екологистка Вангари Матаи, прва наградена африканка
Вангари Матаи, годинешната добитничка на Нобеловата награда за мир, е родена на 1 април 1940 година во Ниери, Кенија. Таа е првата жена од Африка која ја освоила оваа престижна награда, а дванаесетта во листата на наградените, воведена во 1901 година.
Матаи се образувала на универзитети во САД и Кенија, по што во 1973 година станала претседател на кенискиот Црвен крст. Од 1976 година е првата жена претседател на Одделот за ветеринарна анатомија на Универзитетот во Најроби, и наедно прва жена професор на истиот универзитет. Во 1977 година го формира движењето Зелен појас, со кое мобилизира илјадници Кенијци да ја пошумат својата држава. Од 1981 до 1987 е претседател на Националниот совет на жените на Кенија, во 1997 година се кандидира на претседателските избори во државата , а во 2002 година е избрана за член на Парламентот. Следната година е назначена за заменик-министер за животна средина, а годинава беше и прва жена од африканскиот континент номинирана за престижната награда.
Вангари Матаи го формира движењето Зелен појас во 1977 година, чија работа & ја донесе Нобеловата награда за мир вредна 1,36 милиони долари. Со движењето издејствува посадување на околу 10 милиони дрвја за заштита од ерозија на земјиштето, како и за обезбедување дрва за огрев. Извештајот на Обединетите нации од 1989 година забележа дека само 9 дрва се засадени на 100 исечени, што резултира со одрони на земјата, загадување на водата, проблеми со набавката на огревно дрво и недостаток на храна за животните. Програмата се спроведуваше првенствено преку жените во селата во Кенија, кои со заштитата на животната средина и со засадувањето на дрвјата на своите деца им обезбедуваа подобри услови за живот и посигурна и почиста иднина. Матаи, како професор на биологија на универзитетот во Најроби можеше да избере комотен живот на добро образована и солидно платена жена, во земја во која жените живеат поинаков живот. Наместо тоа, таа го формира Зелениот појас, со цел да го промени животот на тие жени и да & помогне на економијата во Кенија што многупати ја стави во животна опасност.
Наградата на Вангари Матаи ќе & биде доделена на 10 декември во Осло.
С.Н.
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|