“Страници за меЃусебно разбирање”
Меѓуетничките односи низ новинарските пера
На 14 август 2003 година излезе првата страница наречена „Меѓутоа“. „Меѓутоа“ е дел од програмата „Страници за меѓусебно разбирање“ што ја спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во партнерство со Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и во соработка со Македонската информативна агенција (МИА), Дневник, Утрински весник, Факти, Лоби и Вечер.
„Страниците за меѓусебно разбирање“ имаат за цел да ја подобрат информираноста на јавноста за меѓуетничките односи во Македонија и да влијаат врз медиумите известувањето за меѓуетничките односи да биде објективно и сестрано.
Идејата водилка, при подготвувањето на Програмата, беше да се укаже на разликите во известувањето за меѓуетничките односи во Македонија. Тие не се должат на јазикот на известувачот, ниту на неговата етничка припадност, тие постојат и помеѓу новинарите со иста етничка припадност. „Благодарејќи“ им на тие разлики, публиката на еден медиум стекнува сосема различни претстави за настаните или проблемите од онаа на другиот медиум. „Меѓутоа“ ќе биде објавена 100 пати до крајот на април 2005 година. „Меѓутоа“ е достапна и на www.mia.com.mk
Најголем дел од финансиската поддршка за Програмата обезбеди Европската агенција за реконструкција, а дел обезбедија и сите вклучени организации и медиуми. Г.Ј.
|