Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Избор

   

ИЗБОР

 ВЕСТИ ОД БРИСЕЛ

 3.15 милиони евра за хуманитарна помош

Европската комисија усвои јасен план за фондови на Балканот кој ќе и овозможи на Канцеларијата за хуманитарна помош на европската комисија (ЕЦХО) да продолжи да ги помага бегалците, внатрешно раселените лица (ВРЛ) и други чувствителни групи во регионот. Државата ќе добие 3.15 милиони евра, кои ќе го покријат периодот од мај, 2001 до март, 2002, а ќе се искористат за помагање на пољоделството, јавните услуги, како и социјалниот и здравствениот сектор во целата земја. Одлуката вклучува член во врска со фондот за активности за олеснување на состојбата на ВРЛ во кризниот период во земјата, а доколку ЕЦХО процени дека е потребно, би следеле и дополнителни фондови во иднина.

 


Хуманитарна помош за усвоени деца

На 1 јули 2000 италијанската невладина организација ЦРИЦ започна со проектот, финансиран од страна на Канцеларијата за хуманитарна помош на Европската заедница (ЕЦХО), кој потткнува поинтензивно усвојување деца без родителско старателство. Овој проект е имплементиран во соработка со Министерството за труд и социјална политика, преку неговиот Институт за социјална работа, кој, пак, има триесет центри за социјална помош низ целата држава. Со проектот се обезбедуваат неопходни работи од типот на огревен материјал, печки, кревети и постелнина, а се дистрибуираат на семејствата кои имаат усвоени деца. Со програмата, на усвоените, како  и на родените деца на тие семејства, им се обезбедуваат јакни, зимски чевли и училишни чанти.
Во исто време, сите овие семејства во земјата се посетуваат со цел да се утврди дали им е потребна и дополнителна хуманитарна помош на тој план. Овој проект се одвива паралелно со процесот на де-инстутуционализација, како долгорочна цел на УНИЦЕФ, Детската агенција на Обединетите нации и релевантните владини министерства.

 


 Реконструкција на конфликтните подрачја

Откако ја процени штетата во тетовскиот регион, направена за време на конфликтот со вооружените екстремистички групи во март, Европската комисија одобри фонд од Механизмот за брзи реакции (МБР). Тој претставува ново средство на Европската комисија кое овозможува брзо префрлање на фондовите во итни ситуации. Досега, за горенаведената реконструкција, префрлени се 2.5 милиони евра, а тие треба да се поделат за Тетово и областите на Скопска Црна Гора.
Повторната изградба на разрушените куќи е дел од меѓународниот напор да се стабилизираат погодените области и да се охрабрат луѓето за враќање во нивните домови. Невладините организации ќе склучат договори за преземање на проектите за реконструкција и ќе работат во блиска соработка со останати меѓународни донаторски агенции, како и со државните и локалните власти.
(European Union Newsletter, Maj 2001)

 


СВЕТСКА БАНКА 

Сиромашните да не плаќаат за основните услуги

Светската банка ќе престане да дава заеми на владите кои им наплаќаат на сиромашните за здравствени услуги и образование. Банката признава дека тие давачки им оневозможуваат на многу луѓе задоволување на основните потреби.
Промената следеше по притисокот од САД, групите за борба против сиромаштијата и други. На 25 октомври, 2001година, Советотот на САД го усвои нацрт-законот за странски трансакции кој содржи одредба која бара од САД да се спротивстават на кој било заем од ММФ, Светската банка или заем од регионална банка за развој кој вклучува данок за основно образование и примарни здравствени услуги наменети за сиромашните. Примарните здравствени услуги подразбираат заштита и обиди за лекување од СИДА, маларија, туберкулоза, како и благосостојба на децата и мајките, во врска со програмите за позајмување.
Со ослободувањето од таксите нема да се реши закоравениот проблем со лошото здравство и нискиот степен на образование во најсиромашните земји од светот, меѓутоа, со нивната целосна елиминација ќе се надмине една огромна препрека.
(Newsletter 21, Women’s Global Network for Reproductive Rights 2001)
 

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Број 06 Јули 2001
Број 06 Јули 2001
Вовед
Настани
Публикации
Календар
Форум
Погледи
Претставување
Донатори
Избор
 

©MCMS - designed by KOMA