Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 30 Септември 2003  Q&A

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ

Q & A

Правниот статус на невладиното организирање на РМ

Слободата на здружувањето гарантирана со Уставот и со закони

Начинот на формирање здруженија на граѓани, правната рамка околу нивното формирање и генерално, правниот статус на невладиното организирање вон нашата држава, е постојано актуелно прашање. За оние кои се интересираат за процедурата за формирање здружение на граѓани, го замоливме г. Јонче Цветковски, од Минерството за правда на Република Македонија да ни ја претстави накусо правната рамка во оваа област:

„Правниот статус на невладиното организирање во Република Македонија произлегува од концептот на Уставот на Република Македонија во кој, помеѓу другото, се гарантирани основните граѓански слободи и права поставувајќи го човекот и граѓанинот како основен носител на лични и политички права. Уставот на Република Македонија граѓанските и политичките слободи и права ги дефинира како една од темелните вредности на уставниот поредок и ги разработува во неколку оддели и групи. Слободата на здружувањето спаѓа во групата на политички слободи и права.

Слободата на здружувањето е основно средство не само на политичка туку и на поширока општествена акција. Меѓу најекспонираните форми на слобода на здружувањето се на политички план преку формирање на политички партии но исто така и преку доброволно здружување во здруженија на граѓани и други форми заради остварување на најразновидни  заеднички интереси.
Остварувањето на правото на слободата на здружување загарантирано со Устав се остварува на начин и постапка регулиран со соодветни закони. Во оваа смисла, Законот за здруженија на граѓани и фондации го опфаќа најширокиот  облик  преку кои граѓаните слободно се здружуваат  заради  остварување  на одредени, пред сe лични, а и општествени  права и интереси.

Со Законот е определен бројот  на граѓаните кои можат да бидат основачи на одредено здружение, како и начинот на стекнувањето на статусот на нивниот правен субјективитет. Законот упатува основачите во соодветна постапка да донесат статут и заедно со пропишаните процедури здружението да го регистрираат кај надлежен суд, по што тоа здружение се стекнува со својство и статус на правно лице  и се изедначува со правата и интересите на останатите правни лица кои егзистираат во општеството. Меѓутоа, покрај оваа форма на организирање на граѓаните постои и друга форма во која припадници на одредена професија и дејност се здружуваат во соодветни форми на здруженија, по сила на закон. Имено, соодветни материјални закони, како на пример Законот за адвокатура, Законот за здравствена заштита и други закони содржат одредби со кои вршителите на одредена професија или дејност се здружуваат во соодветни здруженија. Во првиот случај тоа е Адвокатската комора на Република Македонија, а во вториот случај тоа е Лекарската, односно Фармацевтската комора на Република Македонија. Овој вид  здружување на граѓани од одредена професија или од вршење одредена дејност правниот статус го имаат по сила на законот и тие не подлежат на регистрација пред надлежен, државен или судски орган. Начинот на нивното организирање и работа се уредува со Статутот кој исто така по сила на законот се должни да го донесат и да ги формираат органите што ги претставуваат како правни субјекти.“ 

 

©MCMS - designed by KOMA