Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Настани  Животна средина

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ

САМИТ ЗА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ

Развој, но онаков каков што природата може да поднесе 

Од 26 август до 4 септември, 2002 година, во Јоханесбург, Јужноафриканска Република, започна Светскиот самит за одржлив развој, организиран од ООН, на кој учествува и Претседателот на Република Македонија со делегација составена од владините органи. На Самитот ќе присуствуваат десетици илјади претставници на светските влади, меѓународни организации и невладини организации, кои ќе се обидат да најдат заеднички јазик и да го усмерат економскиот развој во насока која нема да значи одење подалеку од прагот на издржливоста на природата.

Самитот се нарекува уште Рио+10, бидејќи претставува уште еден глобален напор за одржлив развој на Планетата Земја, организиран на највисоко ниво, по оној што се одржа во 1992 година во Рио де Жанеиро. Тогаш беше донесена Агендата 21, глобалниот план за акција за одржлив развој, кој за жал не се спроведе докрај, и тоа пред сe од најразвиените светски сили, на чело со САД. Резултатот од негрижата и од неспроведувањето на меѓународните договори во овие 10 години беше видлив на најлош можен начин: урагани и оркани, Ел Нињо, поплави и суши, проширување на пустините, сe поголеми дупки во озонската обвивка околу нашата планета, загадување на водите, воздухот и почвата, осиромашување на биодиверзитетот...

Главните теми на кои ќе се расправа на Самитот се растот на светската популација и заштита на природните ресурси - два проблеми кои се во тесна корелација, бидејќи првиот зависи од вториот. Односно, природните ресурси сe побргу се намалуваат или исчезнуваат, а светската популацијата се зголемува, а со тоа и нејзините потреби за храна, вода за пиење, енергија, санитација, засолништа, здравствени услуги и економска сигурност.

Дали Јоханесбург ќе придонесе повеќе од Рио? Тоа зависи од сите нас, а невладините организации (кои во Јоханесбург одржуваат паралелен Форум со состаникот на претседателите на државите) се движечката сила која може да направи многу за заштитата на нашиот заеднички дом, спроведувајќи ги своите активности и вршејќи притисок врз владините органи.

М. Иванова

 

©MCMS - designed by KOMA