|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Фондација “Трифун Костовски’
Афирмација на исторското, културното и научното творештво
Основана од страна на македонскиот бизнисмен и пратеник во Собранието на Македонија, Трифун Костовски, Фондацијата која го носи неговото име е сместена во Македонската академија на науките и уметностите и прифатена од сите нејзини органи. Фондацијата Трифун Костовски годинава навршува шест години од постоењето, период во кој таа со спроведените активности ја потврдува насоката на дејствување: афирмација на македонското историско, културно и научно творештво како исклучителен чинител во постоењето и развивањето на граѓанското општество.
Една од нејзините најрепрезентативни активности е основањето на Националната галерија портрети на македонски великани која ги вклучува во себе сите маркантни фигури од културата, науката и уметноста што оставиле траги во историјата на градењето на земјата. Галеријата е сместена во МАНУ и досега брои стотина дела, слики и скулптури од македонски уметници, но континуирано го зголемува фондот, со интенција во иднина да прерасне во отворен и достапен простор, за граѓаните кој ќе им овозможи на едно место да се запознаваат со најзначините личности од историјата на својата земја. Фондацијата Трифун Костовски издава капитални дела од полето на лингвистиката, историјата, културата и уметноста, каде што меѓу другите се вбројуваат “Фонологија” на Блаже Конески, монографиите за Тодор Скаловски и Димитар Кондовски, “Културата и уметноста во Западна Македонија во ЏИЏ век” од академик Цветан Грозданов и др., а особено внимание се посветува на објавувањето сублимирани форми на дел од светските јазици. Фонадацијата “Трифун Костовски”, како што потенцираат нејзините членови, е отворена за иницијативи и предлози во рамките на кои се споменуваа изработката и доделувањата на медали “Блаже Конески” и “Крсте Петков-Мисирков” за значајни личности кои придонеле за развој и афирмација на Македонија во светот и за истражување на македонскиот јазик и култура, но и можноста за идно стипендирање на млади научници и уметници. К.Б.
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|