|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Постигнување согласност и разбирање
Фокус на интересот, не на позицијата
Прашањето како да се постигне согласност и заедничко разбирање при одредени несогласувања во организациите го проучувале многу теоретичари на менаџментот. Во 1981 година двајца професори на универзитетот Харвард, САД, ги испитувале начините на преговарање со цел да се постигнуваат подобри резултати во разрешувањето на недоразбирањата и постигнувањето на договорите.
Проектот е воден од професорите Роџер Фишер и Вилијам Јури, кои заедно со своите студенти и соработници се обиделе да дадат одговор на прашањето: како најефикасно да се постигне заедничко разбирање.
Новиот начин на преговарање, кој произлегол како резултат на овој проект, е наречен принципиелно преговарање.
Имајќи ги предвид слабите страни на традиционалното преговарање, Фишер и Јури се фокусирале на четири главни точки во секоја ситуација кога се преговара: луѓето, интересите, можностите и критериумите.
Луѓето не се машини и тие имаат свои чувства од кои произлегуваат и нивните реакции, соодветно и при преговарањето. Водени од своите емоции, а како резултат на различно перцепирање на работите, луѓето имаат тешкотии во комуницирањето. Во традиционалното преговарање, луѓето се закопуваат во своите позиции околу одредено прашање, при што започнуваат да се идентификуваат со позицијата, не со суштината на недоразбирањето заради што преговараат. Со принципиелното преговарање фокусот е на одвојување на луѓето од проблемот. Со тоа практично преговарачите ја трошат својата енергија напаѓајќи го проблемот, а не напаѓајќи се еден со друг. Затоа првото начело на принципиелното преговарање е: Разделување на луѓето од проблемот.
Интересите се всушност искажаните и неискажаните грижи, потреби, желби и страв што произлегуваат од интеракцијата меѓу вклучените страни во конфликтот. Второто начело на принципиелното преговарање е: Фокус на интересот, не на позицијата. Заземањето позиција при преговарање всушност спречува да се добие она што навистина го сакаат преговарачите. Компромисот меѓу позициите на вклучените страни во преговорите н$ доведува до постигнување задоволителен договор што ќе ги отслика вистинските потреби. Во ситуација кога двајца менаџери од различни претпријатија треба да склучат купопродажен договор, на пример, тие започнуваат со преговорите, со што купувачот зазема позиција да ја намали цената, а продавачот да добие колку што е можно повисока цена за производот. Фокусирајќи се на своите позиции, тие ги забораваат заедничките интереси, а тоа се: да се случи размената, односно едната страна да го добие производот што & треба, а другата да добие пари за продадениот производ.
Повеќе можности за решавање на проблемот е клучот за задоволителен договор за двете страни. Третото начело на принципиелното преговарање се заснова на фактот што оптимални решенија тешко се донесуваат, особено кога се работи под притисок. Кога се бара само едно единствено решение за проблемот, се намалува можноста за донесување оптимално решение за двете страни во преговорите. Затоа во принципиелното преговарање преговарачите се насочени кон размислување за дизајнирање поширок опфат на можни решенија. Третото начело на принципелното преговарање гласи: Испитај ги сите можни решенија за задничка добивка.
Кога интересите на двете страни се крајно спротивставени, преговарачот треба да го применува четвртото начело на принципиелното преговарање, а тоа е: Секогаш користи објективни критериуми. Кога другата страна премногу инсистира на своите ставови, одговорот треба да биде во нудењето неутрални, голи факти, кои нема да бидат спротивни на аргументите на другата страна, ниту пак одраз на сопствените ставови. На тој начин се врши мала арбитража во преговарањето и се овозможува процесот да тече понатаму и да доведе до реално и разумно решение.
Четирите начела на принципиелното преговарање се релевантни и можат да се применуваат од моментот кога ќе се започне да се размислува за преговарање како можност за надминување конфликти, па с$ до постигнувањето договор или до моментот кога преговорите ќе се откажат (пропаднат).
Процесот на принципиелното преговарање поминува низ три фази: анализа, планирање и расправа. Во фазата на анализирање преговарачот всушност собира информации и врши дијагноза на ситуацијата, организира и размислува за состојбите. Во таа фаза преговарачот се обидува да ги разбере ставовите и интересите на другата преговарачка страна, нивните евентуални негативни (незгодни) реакции, нејаснотии во комуникацијата, но и да ги дефинира своите ставови и интереси и основните критериуми за преговарањето.
За време на фазата на планирање преговарачот се обидува да даде одговор на повеќе прашања: Што ќе & предложи на другата страна за решавање на проблемите? Што е најважно од сопствените интереси? Кои се реалните цели и исходи од преговорите? Со еден збор, собира идеи и одлучува што ќе прави при преговарањето.
Во третата фаза, расправата, кога двете преговарачки страни дискутираат и одат напред-назад во разговорите, треба да дојдат во состојба на разбирање на интересите на другата страна. Сите четири начела на принципиелното преговарање мора строго да се почитуваат. Во оваа фаза ќе се појават разлики во перцепирањето, дополнителни несогласувања, па дури и лутина, но сите проблеми во комуникацијата мора точно и прецизно да се одредат и да се истакнат. Вклучените страни заеднички ги креираат опциите што содржат предности и добивки за сите и што го бараат решението коешто ќе се базира врз објективни стандарди за решавање на недоразбирањата.
Лилјана Алчевска
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|