Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 31 Октомври 2003  Q & A

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ

Правилник за спроведување на ослободувањето од јавни даваЧки, со париЧни средства од странки донатори

Донираните средства не можат да се користат за плаќање јавни давачки.

Дали донираните средства од странство можат да се користат за плаќање на јавни давачки, е прашање кое си го поставуваат  многу здруженија на граѓани.  За нив, побаравме одговор од Милка Божиновска - Миова од МЦМС, која објаснува на кој начин се применува Правилникот за спроведување на ослободувањето од царина и други давачки, акциза и данок на додадена вредност (ДДВ), при увоз на добра/стоки и за обезбедување средства за плаќање акции за и ДДВ за прометот на добра  и услуги во земјата, потребни за реализирање на проекти финансирани со парични средства  на странски донатори.

 


„Од 20.08.2003 година се применува Правилникот за спроведување на ослободувањето од царина и други давачки, акциза и данок на додадена вредност (ДДВ), при увоз на добра/стоки и за обезбедување средства за плаќање акциза и ДДВ за прометот на добра и услуги во земјата, потребни за реализирање проекти финансирани со парични средства на странски донатори. За истите постои договор помеѓу Владата на РМ и странскиот донатор, во кои стои клаузула дека донираните средства не можат да се користат за плаќање јавни давачки.

Постапка за ослободување од плаќање јавни давачки во земјата при реализирање проекти поведува субјектот задолжен за реализирање на проектот -имплементаторот (корисниците на средства од буџетот на РМ, фондовите, невладини организации регистрирани во РМ).

Единките корисници на средства од буџетот на РМ, кои се задолжени за реализирање на проектот - имплементатори, ја поведуваат постапката преку корисникот на средства од буџетот на РМ во чиј состав и се.

Единиците на локалната самоуправа кои се задолжени за реализирање на проектот - имплементатори, постапката ја поведуваат преку Министерството за локална самоуправа.

Постапка може да поведе странскиот донатор или субјект (странско правно или физичко лице кое нема деловна единица во Република Македонија) - имплементатор, кој има склучено писмен договор со странскиот донатор или со негов овластен претставник за реализирање на проектот.

1. Заради издавање потврда за остварување на ослободувањето од јавни давачки во РМ при увозот на добра/стоки за реализирање проекти финансирани со парични средства на странски донатори, до Министерството за финансии се поднесува барање на Образец А1-П (Сл. весник на РМ бр.54/03), во два примероци со прилог-документи: фактура или договор за купопродажба; потврда за регистрација на проектот во Владата на РМ и договор помеѓу субјектот за спроведување на проектот-имплементаторот и странскиот донатор, односно неговиот овластен претставник.

2. За да се обезбедат средства за плаќање акциза и ДДВ од буџетот на РМ за прометот на добра и услуги во земјата, за реализирање проекти, до Министерството за финансии се поднесува барање на Образец А3-П (Сл. весник на РМ 54/03) во два примероци со прилог-документи: оригинална фактура каде што посебно е искажан износот на ДДВ и акцизата во денари; потврда за регистрација на проектот во Владата на РМ и договор помеѓу имплементаторот и странскиот донатор, односно неговиот овластен претставник.

Даночните обврзници вршители на прометот, обврските за ДДВ по фактурите за прометот во земјата при реализирање проекти финансирани со парични средства на странски донатори, со клаузула дека не можат да се користат за плаќање јавни давачки, ги уплатуваат на трезорска сметка на посебна уплатна сметка ДДВ по основ на донации.

Без извршена уплата на ДДВ на посебната уплатна сметка по основ на донации од вршителите на прометот Секторот за трезор нема да изврши враќање на ДДВ на сметката на вршителот на прометот.  

Заради издавање потврда за враќање на платена акциза и ДДВ, за  набавени добра и користени услуги во РМ за службени потреби (струја, вода, телефон, греење, гориво, канцелариски материјали и сл.), за реализирање проекти финансирани со парични средства на странски донатори, субјектот задолжен за реализирање на проектот-имплементатор поднесува до Министерството за финансии барање на Образец А2-П (Сл. весник бр.54/03) со прилог-документи: оригинална фактура со посебно искажан износ на ДДВ во денари; потврда за регистрација на проектот во Владата на РМ и копија од договор помеѓу имплементаторот и странскиот донатор или неговиот овластен претставник.
По добивањето на потврдата од Министерството за финансии со која се потврдува дека проектот има право на враќање на платените ДДВ и акциза за службени потреби на проектот, заедно со целокупната документација ги доставуваат до Управата за јавни приходи на понатамошна постапка.

Субјектите задолжени за спроведување на проектите ги пријавуваат проектите во Владата на РМ - Генерален секретаријат, Сектор за европска интеграција, Одделение за координација на странска помош.

За реализирање на проектите субјектите треба да добијат единствен даночен број на проектот во Управата за јавни приходи и да отворат сметка кај деловни банки или трезорска сметка.”

Милка Божиновска-Миова

 

©MCMS - designed by KOMA