|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Подобрување на можностите за студирање
Лицата со посебни потреби добија автобус
Во Македонија не е лесно да се биде студент, партиципацијата за високо образование што мора да ја плаќа секој студент е превисока, нема соодветни просторни услови за изведување на наставата, речиси нема стручна литература на мајчин јазик... Но особено не е лесно да се биде студент и да се има некаков хендикеп. Не е лесно бидејќи, покрај претходно споменатите отежнувачки услови, постојат и голем број други бариери кои го отежнуваат, па дури и неретко, целосно го попречуваат студирањето на овие лица. Имено, поголемиот број од факултетските згради се делумно или целосно непристапни за лицата со телесен хендикеп, воопшто нема стручна литература од ниту една научна област преведена на Браева азбука, нема обезбеден континуиран преведувач на гестовен јазик, нема сервис од персонални асистенти итн.
Но, од 16 март 2004 година, студентите со хендикеп ќе имаат една бариера помалку. Здружението на студентите со посебни образовни потреби, во соработка со градот Скопје и Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје”, обезбеди автобус кој е целосно адаптиран за пристап на лицата со хендикеп и кој ќе биде наменет за превоз на студентите со посебни потреби и нивните придружници од домовите до сите факултети и назад, но истиот ќе можат во иднина да го користат и средношколците со хендикеп. Превозот е бесплатен и ќе функционира секој работен ден од 07:30 до 09:00 часот, и попладне од 13:00 до 14:30 часот.
Со ова значително ќе се подобрат можностите за студирање на лицата со хендикеп, бидејќи токму патот до факултетите и назад беше мошне тешка или непремостлива бариера за повеќе од 20 студенти со посебни потреби. Д.С.
|
|
|
|
ПОГЛЕДИ: Марина Туневска-Јовановска
Приказните-точка каде што се среќаваат медиумите и граѓанските здруженија Ако здруженијата на граѓани ја сфатат и прифатат својата улога на креатори на јавното мислење со помош на медиумите, тогаш тие се на половина пат до загарантираниот успех. А, за да се придобијат медиумите во остварувањето на таквата намера, потребно е да се научи да се комуницира со “нивниот јазик”. |  |
ИНТЕРВЈУ: Методија Саздовски и Мартин Мартиноски членови на Работната група за позеленување на изборите
“Гласај за природата” - нов импулс во изборните процесиЛокалните избори во земјава беа одбележани и со кампањата „“Гласај за природата” на Работната група за позеленување на изборите. По завршувањето на првиот изборен круг, како го оценувате обидот да ги анимирате кандидатите во трката за локалната власт, но и граѓаните за одговорноста што ја носат и двете страни кон животната средина? |  |
Црвениот крст на општина Чаир во посета на Танушевци
Помошта пристигна заедно со пролеттаНа 40 километри оддалеченост од Скопје, на границата со Косово и надморска височина од 1.600 метри се наоѓа селото Танушевци. Тоа сега брои триесет семејства. Петнаесетина сe уште не се вратени во своите родни огништа, откако се иселиле на Косово по случувањата од воениот конфликт во 2001 година во Македонија. Во далечната 1984 година за прв пат е донесена струја во селото, а патот е направен година пред тоа. И сега кога има големи невремиња селото останува без струја. Веднаш до Танушевци се селата Брест и Малино. Во сите три села живее албанско население. |  |
Милениумски предизвик
Ветувањата на АмерикаПред три години, претседателот на САД, Џорџ В. Буш, ја отвори сметката на Милениумскиот предизвик, со цел да им даде повеќе пари на сиромашните земји кои работат на промовирање развојни политики. Буш рече дека неговата влада ќе донира повеќе милијарди долари во неколку растечки фази сe додека програмата не достигне висина до 5 милијарди долари годишно, почнувајќи од 2006 г. Иако петте милијарди долари се само 0,04 проценти од националниот приход на Америка, Буш го наметна предлогот како “доказ дека тој се грижи за сиромаштијата во Африка и насекаде во светот. “Јас ја носам оваа обврска во душата”, рече претседателот. |  |
|
|