|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Предлог-законот за донации и спонзорства во јавните дејности
Израз на добра волја за поттикнување на граѓанското општество
Што ќе донесе Законот за донации и спонзорства во јавните дејности за граѓанските организации во Македонија?
Според сите компаративни анализи, оданочувањето претставува најголема правна пречка за развојот на граѓанските организации во Република Македонија. Во однос на другите земји од регионот, Македонија има најмалку даночни олеснувања. Исто така и даночните поттикнувања на индивидуалните и корпорациските даноци сe уште не се воведени во законодавството.
Меѓутоа, на иницијатива на група пратеници, на 22 февруари Собранието на Република Македонија донесе предлог за донесување закон за донации и спонзорства во јавните дејности. Законот треба да создаде даночни бенефиции за давање со цел да го охрабри мобилизирањето на приватните ресурси за активности од јавен интерес.
Потребата од донесување ваков закон постои и посебно е оправдана целта за којашто се донесува, а тоа е овозможување да се вклучат граѓаните и бизнис-секторот во решавањето важни општествени проблеми и потреби, давајќи придонес во општествениот и економскиот развој на државата на нејзиниот пат кон Европската Унија.
Со законот се уредува давањето и примањето на донациите и спонзорствата, целта на давањето и примањето, давателите и примателите, предметот, користењето, даночните поттикнувања и евидентирањето и контролата на донациите и спонзорствата во јавните дејности.
Даватели на донации и спонзорства може да бидат домашни и странски физички и правни лица, додека како примател може да се јави само домашно правно лице, а под посебни услови, и странско правно лице. Важно за граѓанските организации е што под домашно правно лице се смета јавна установа, единица на локалната самоуправа, здруженија на граѓани и фондации од јавен интерес, трговски друштва, орган на управата или друг субјект.
Предмет на донација и спонзорство се: финансиски средства, секаков вид добра и услуги, вклучувајќи и материјални добра, сопствено произведени или набавени; завештајни и други преносни права.
Законот предвидува и даночни поттикнувања за давателот и примателот на донацијата и спонзорството.
Даночните поттикнувања се однесуваат на персоналниот данок на доход, на данокот на добивка, на данокот на додадена вредност, на даноците на имот.
Клучните даночни олеснувања се следните:
Според предлог-законот, физичкото лице кое донира финансиски средства има право на намалување на персоналниот данок од доход утврден врз основа на неговата годишна даночна пријава во висина од 20 % од годишниот даночен долг на давателот на донацијата, но не повеќе од 24.000 денари.
Даночниот обврзник на данокот на добивка за износот на дадената донација во тековната година му се признава како расход во даночниот биланс во вкупна висина од 5 % од вкупниот приход, додека кај спонзорствата, во вкупен износ од 3 % од вкупниот приход.
Прометот извршен за реализација на донација според овој закон, за целите на данокот на додадена вредност, по основ на обезбдедување средства од буџетот на Република Македонија за плаќање ДДВ се третира на ист начин како и прометот извршен за реализирање на странските донации за финасирање на проектите за коишто Владата на Република Македонија има склучено договори.
Давателот и примателот на донацијата и спонзорството се должни да изготват извештај за дадената и за добиената донација и спонзорство.
Управата за јавни приходи (УЈП) и други државни и општински органи го контролираат давањето, примањето и користењето на донацијата и спонзорството во случаи на примена на даночни поттикнувања во согласност со закон.
УЈП и другите надлежни органи, доколку при контролата утврдат неправилности и злоупотреби при користењето на донацијата и спонзорството, поднесуваат прекршочна или кривична пријава.
Предлогот несомнено претставува израз на добра волја за поттикнување на граѓанското општество. Граѓанските организации, од своја страна, преку организираните јавни расправи го покажаа интересот за партиципација во креирање на законот со недвосмислена порака дека е исклучително важно истиот да содржи решенија што ги намалуваат можностите за нејаснотии, двосмислености и злоупотреби.
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|