|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Институт Отворено општество
Академска програма за стипендирање Академската програма за стипендирање (АФП) за академската година 2006/2007, со краен рок за аплицирање до 23.03.2007, има за цел да придонесе за реформирање на високото образование во источна Европа и Евроазија, како и да помогне во изградбата на академски мрежи на локално, регионално и глобално ниво. АФП се фокусира како на едукативните институции, така и на поединечните научници преку две програми: Програмата за стипендирање за враќање на научниците (РСФП), која им помага на универзитетите во регионот да ги задржат младите надежни научници кои се од извонредно значење за ревитализација на катедрите и за одржливоста на реформите во високото образование во регионот и Меѓународна програма за стипендирање научници (ИСФП), која ги кани висококвалификуваните научници по општествени и хуманитарни науки од светот да предаваат и/или да даваат консултации на некои катедри на универзитетите во регионот. За повеќе информации и насоки за аплицирање, посете ја страницата на Опен Социетѕ Институте.
Давос, Швајцарија
Светски економски форум
Отворениот Форум во Давос, Швајцарија, се одвиваше од 25 до 27 јануари, паралелно со Годишното собрание на Светскиот економски форум, организиран од страна на Федерацијата на протестантските цркви од Швајцарија и Форумот. Дискусиите беа отворени за јавноста и нудеа можност за отворена дебата по прашањето за глобализацијата и последиците од неа. На Форумот се дискутираше за развојната помош, одржливата потрошувачка на енергија, мултикултурното општество, религиите и брендовите. За повеќе информации, одете на Њорлд Ецономиц Форум. Лице за контакт: Сара Сафар, постар програмски менаџер, на адресата ssa@weforum.org.
Универзитет од Џорџтаун, УСАИД
Програма за стипендирање за Источна и Централна Европа
Програмата за стипендирање за Источна и Централна Европа (ЕЦЕСП) за академската година 2006/2007, стипендија во САД, обезбедува образование и обука за лидери, експерти, администратори и менаџери од новоформираните демократии во Источна Европа. Во изминативе години, ЕЦЕСП им помагаше на земјите од Централна Европа да ги достигнат стандардите потребни за интеграција во Европа. Во моментот, програмата е активна во Албанија, во Бугарија, во Македонија и во Романија. Учесниците во програмата ги развиваат своите вештини за трансформирање и реструктуирање на своите посткомунистички општества и економии. Програмите на ЕЦЕСП се состојат од долгорочни можности за образование и обука, како и од програми за краткорочна стручна обука, достапни во САД. За повеќе информации, ве молиме посетете ја страницата на: Георгетоњн Университѕ: Еаст Централ Еуропеан Сцхоларсхип Программе. Лице за контакт: Кристофер Ширли, Е-маил: cied@georgetown.edu.
Волонтерска програма на ОН за развој
РИВЕР СИ Балкан 2007
Програмата на ОН/УНДП, РИВЕР СЕЕ, има за цел да ја развие регионалната доверба, како и да создаде поцврсти врски помеѓу народите и владите од балканскиот регион. Нејзина главна цел е да се придонесе за регионална интеграција, социјална кохезија и намалување на сиромаштијата на Балканот со зајакнување на на мрежите преку размената на волонтери „ист то ист” (Еаст-то-Еаст), унапредување на волонтерството и проактивно граѓанство. Програмата претставува единствена регионална соработка на УНВ/УНДП, која ќе биде коимплементирана со партнери, како ЕУ/ЕВС, ВСО УК, СЕЕИН, ОнеВорлд СЕЕ, кои обезбедуваат лидерство, техничка и финансиска поддршка, како и 14 имплементирачки партнерски организации од седум земји/региони на Балканот кои ќе бидат одговорни за спроведување на волонтерските активности на ниво на соодветната земја/регион, како и за односите со волонтерите и граѓанското општество и вклучените волонтерски организации. За повеќе информации, одете на: УНВ/УНДП РИВЕР СЕЕ, Волунтеер Субсцриптион Форум. Апликациите постојано се разгледуваат. Лице за контакт: Никола Тјеци (ntiezzi@nndp.ba) или Фатима Смајловиќ (fsmajlovic@undp.ba).
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|