|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Белешки за авторите
Сунчица Саздовска е родена во 1970 г. во Скопје. Вработена е во Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) од 1998 како соработник на проект во Програмата за цивилно општество, а од декември 1999 година е раководител на одделението за граѓанско општетсво. Досега има работено на повеќе програми за развој на граѓанското општетсво во Македонија кои имаа за цел институционално и организациско јакнење на граѓанските организации. Пред својот ангажман во МЦМС има работено на повеќе истражувања спроведени од Државниот завод за статистика на Република Македонија.
Жаклина Ѓорѓевиќ е родена во 1974 година во Скопје, каде завршила основно и средно образование. Дипломира на Интердисциплинарните студии по новинарство на Правниот факултет во Скопје, а во моментот студира на постдипломските студии по меѓународно право и меѓународна политика на истиот факултет. Работи како новинарка во Утрински весник уште од неговото основање.
Лилјана Алчева (1970) е ангажирана во граѓанскиот сектор од 1994 година, прво како активист во еколошкото друштво Вила Зора во Велес, потоа како член на тимот на локални обучувачи во рамките на Институтот за трајни заедници и како обучувач во Македонскиот центар за меѓународна соработка.
Моментално работи во УНДП , Програма за развој на Обединетите нации, на проекти поврзани со Милениумските развојни цели и намалување на сиромаштијата во Р. Македонија.
Посетува постдипломски студии по менаџмент на човечки ресурси во Институтот за социолошко-политичко правни истражувања.
За време на нејзиното аматерско и професионално ангажирање во граѓанскиот секотор, организирала и учествувала во голем број активности за заштита на животната средина, дизајнирала и испорачала огромен број курсеви за граѓанските организации, локалната самоуправа и претприемачите, учествувала во неколку организациски и програмски евалуации и напишала голем број текстови објавени во списанието Граѓански свет.
Александар Николов е роден во 1979 година. На полето на социјалната одговорност на бизнисите се ангажираше во текот на студиите на Економски факултет – Скопје. Светската банка му додели признание за извонреден придонес на глобалната Конференција на идните лидери на тема корпоративна општествена одговорност и е коавтор и коуредник на публикација на истата тема. Заедно со тројца свои колеги организираше јавна презентација за доближување на концептот за пошироки одговорности на бизнисите до македонската јавност и до донесувачите на одлуки во сите сектори. Како претставник на младите на Конференцијата на Светската банка за засилување на намалувањето на сиромаштијата, во мај 2004 во Шангај, претстави акционен план за користење на рамката на корпоративната општествена одговорност за изградба на коалиција, меѓу младите и деловниот сектор, посветена на заедничкото добро. Своето знаење на оваа тема го сподели со вработените во компаниите кои се членки на македонската мрежа на Глобалниот договор на ОН, во склоп на пионерска обука за македонскиот деловен сектор на полето на општествената одговорност.
Виолета Бончаноска родена е во 1976 год. во Скопје. Дипломирала на катедрата по Општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје. Има објавевено авторска книга поезија и книжевни критики во периодиката. Застапена е во 2 поетски антологии. Има работено маркетинг, продажба и проектен менаџмент во компании од дејностите маркетинг, издаваштво и ИТ. Неколку пати престојувала во Виена на стручно усовршување. Во моментов ги завршува постдипломските студии по менаџмент на Економскиот факултет во Скопје.
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|