|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Институтот Исток-Запад гради мостови додека идната граница на ЕУ се заканува да го прошири јазот
Во трка со времето
Во споредба со другите граници од регионот на Југоисточна Европа, онаа помеѓу Србија и Бугарија е особено стара. Таа не е доведена во прашање во последните 60 години и не ги разделува туку ги поврзува локалните зедници кои живеат на двете нејзини страни. Меѓународната изолација на Југославија во деведесеттите години од минатиот век ги прекина на некој начин традиционалните врски, а предизвиците на транзицијата создадоа нови препреки во прекуграничните активности.
Згора на тоа, со приближувањето на Бугарија кон членството во ЕУ, нејзината западна граница се заканува да стане критична линија на поделба: граница помеѓу ЕУ каква што ќе биде во 2007 и регионот на Западен Балкан кој заостанува со интеграцијата.
Институтот Исток-Запад (ИИЗ) гради мостови помеѓу владите, локалните власти, претпријатијата, граѓанските организаци и општините, што ќе послужат како одржлива врска по следното проширување. Мостови, кои идната граница на ЕУ нема да ја претворат во разделувачка линија, туку во една област од општ интерес и тло за размена на најдобрите искуства. Институтот е независна, непрофитна организација која премостува јазови во текот на 23-те години од своето постоење. Нејзинатата регионална и прекугранична програма за соработка ги има за цел граничните региони во Југоисточна Европа и Русија, каде што врските помеѓу граѓанскиот сектор, бизнис-секторот и владините институции се слаби, односно онаму каде што во последно време тие се загрозени или нарушени. Преку остварувањето контакти на сите нивоа и овозможување дијалог помеѓу границите, Институтот Исток-Запад поттикнува сигурност и стабилност, ја зацврстува демократијата, создава социо-економско приближување и остварува предуслови за еден одржлив развој.
Во текот на својот тригодишен ангажман во пограничниот регион меѓу Србија, Бугарија и Македонија, Институтот има постигнато значителни резултати. И покрај фактот што на почетокот не постоеја речиси никакви институционализирани прекугранични врски на триаголникот Ниш-Софија-Скопје, регионот денес успеа да прерасне во еден еврорегион. На иницијатива на градоначалниците на Софија, на Ниш и на Скопје, како и со огромна поддршка од ИИЗ, Еврорегионот ЕВРОБАЛКАН официјално беше воспоставен во септември 2003 година кога градоначалниците на трите градови го потпишаа Трилатералниот договор и Статутот на Еврорегионот. Овие искуства од градењето на прекуграничната институција се покажаа корисни во уште еден пограничен регион во којшто е вклучен ИИЗ, а кој исто така ја вклучува и Македонија. Станува збор за регионот околу Преспанското Езеро и Охридското Езеро, поделен меѓу Македонија, Албанија и Грција, каде што ИИЗ работи со своите локални партнери за финализирање на Трилатералниот протокол за основање на Еврорегионот Преспа/Охрид во есента 2004 година.
Кон одржлив Еврорегион ЕВРОБАЛКАН
Создавањето еврорегиони во пограничните делови на европските земји е традиција во Европската Унија којашто датира уште од педесеттите години. Еврорегионите се аранжмани за соработка помеѓу единиците на локалните или регионалните власти, преку границите со кои се афирмираат заедничките интереси и кои ги вклучуваат сите аспекти на секојдневниот живот. Еврорегионите не само што помагаат да се поврзат разделените луѓе и заедници и придонесуваат кон траен мир и безбедност, туку и го помагаат подобрувањето на животниот стандард на пограничното население. Пилот-проектот на ИИЗ, Триаголникот Ниш-Софија-Скопје, послужи како водич и помош на локалните власти, институции, претпријатија и НВО и го олесни воспоставувањето на прекуграничната соработка на сите нивоа. Преку основањето работни групи за регионален економски развој, заштита на животната средина, културна соработка, соработка на полето на образованието и медиумите, се постави основата за ефикасна соработка меѓу границите.
Уште во 2002 година., следејќи го европскиот пример од 1951 година, производителите на челик од најголемите челични и металуршки компании во Македонија, во Србија и во Бугарија го формираа Еврорегионалниот Комитет за челик. Неговата работа доведе до пораст на мултилатералната размена од 6.000 тони производство на челик, со вкупна вредност од околу 2 милиони американски долари и ги постави основите на една продлабочена прекугранична соработка...
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|