|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Македонски институт за медиуми
Конкурс за две работни места
Македонски институт за медиуми објавува конкурс за две работни места со полно работно време: - Тренинг координатор - Соработник на проекти
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови:
- Високо образование
- Активно познавање на англиски јазик (говор и пишување)
- Добро познавање на работа со компјутери (Microsoft Word, Excel, Power Point, Интернет.. .)
- Државјанин на Р. Македонија
Посебни услови:
Тренинг координатор:
- Минимум 5 години новинарско искуство
- Одлично познавање на медиумската слика во Македонија
- Искуство во организирање и водење обуки и различни видови програми
- Способност за индивидуална работа и лидерство
- Нагласена способност за тимска работа, координирање и раководење со група
- Организаторски способности
- Комуникативност, динамичност и флексибилност
- Искуство во невладиниот сектор ќе биде земено како предност
Соработник на проекти:
- Минимум 3 години новинарско искуство
- Одлично познавање на македонскиот, албанскиот и англискиот јазик (пишуван, консекутивен и симултан превод)
- Одлично познавање на медиумската слика во Македонија, особено на медиумите што пишуваат/емитуваат на јазиците на етничките заедници
- Искуство во канцеларско и административно работење, архивирање и коресподенција
- Способност за индивидуална и тимска работа
- Организаторски способности
- Комуникативност, динамичност и флексибилност
- Искуство во работење во невладиниот сектор ќе биде земено како предност
Пријавите со детална биографија (на македонски и англиски јазик) и доказ за исполнување на горенаведените услови, како и препораките од предходните работни места (по можност) кандидатите може да ги достават на следната адреса:
Македонски институт за медиуми (за кое работно место се пријавувате) Порта Буњаковец А2/1 1000 Скопје
Конкурсот трае до 20 ноември 2003.
Ве молиме без телефонски јавувања. Само кандидатите кои ќе бидат избрани за разговор ќе бидат контактирани. |
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|