|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
ФОНДАЦИЈА МОБИМАК
Давањето придонес кон општеството е нивна основна ориентација
Фондацијата МОБИМАК е меѓу првите во земјата чијшто основач е деловната компанија - МобиМак која континуирано е ориентирана кон давање придонес кон општеството во коешто дејствува. Таквата ориентација го иницира создавањето на Фондацијата чиешто едногодишното постоење минатата година беше одбележано под мотото „Една година хуманост на дело“.
Во македонската јавност, Фондацијата МОБИМАК стана препознатлива по поддршката на низа активности кои влијаат на развој на граѓанското општество денес, а одговорните се надеваат дека со нивниот пример ќе влијаат на основање други фондации од ваков вид.
„Добредојдена е секоја добронамерна соработка, поддршка, предлог за доброто на сите“, вели Светлана Петровска, претседател на Фондацијата, чии корисници се правни и физички лица кои аплицираат со проекти што треба да бидат во согласност со нејзините програмски цели и задачи, оформени во соработка со консултативно тело. Во согласност со поставената мисија за поддршка на општеството во различни полиња од неговиот развој, Фондацијата генерира инвестиции за различни програми, согласно со поставената стратегија за охрабрување и инволвирање на бизнис-секторот за повеќе инвестиции во проекти од општествено значење.
Средствата на Фондацијата МОБИМАК се насочени кон развој на културата, образованието, здравството, животната средина, спортот и хуманитарните дејности, а во јавноста Фондацијата е позната со поддршката на проектите за пошумување, за печатење на автобиографијата на Мајка Тереза на англиски јазик, со обезбедувањето компјутерска опрема за Центарот за рехабилитација на говор, слух и глас од Скопје, преку проектот за обезбедување на пристапни рампи за хендикепирани лица, реализацијата на соодветни предавања во училштата, во рамките на проектот за развој на здрави личности, поддршка на Клиниката за белодробни заболувања - Козле во Скопје, со организирањето низа новогодишни манифестации за деца, како и музички фестивали, спортски активности, ликовни колонии и др. Фондацијата МОБИМАК во својата биографија ја има забележано и поддршката на домовите на културата во градовите каде што се одвиваат одредени активности насочени кон младите од областа на едукацијата, културата, продуктивната забава и дружењето. Таа доделува и стипендии на деца и млади кои покажуваат исклучителен талент, а го поддржува и откривањето, заштитата и афирмацијата на културното богатство. Потенцирана е соработката со граѓанскиот сектор како една од приоритените цели на постоење за што говори и распишувањето на тендерот за доставување проекти на граѓански организации за поддршка на јавни здравствени организации во Република Македонија, со којшто Фондацијата МОБИМАК го одбележа почетокот на 2004 година.
К.Б.
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|