|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
ЗАЕДНИЧКА ИЗЈАВАЗаради градењето доверба во идните локални самоуправи, како и заради негување на климата на доверба бараме примена на принципите на Рамковниот договор, од национално ниво да се имплементираат целосно и на локално ниво, и во случаите кога припадниците на мнозинскиот македонски народ се малцинска заедница на локално ниво.
Тоа треба да вклучува недискриминација и правична застапеност и посебни процедури за гласање во советите на локалната самоуправа – Бадинтерово правило.
|  |
Дебата за територијалната организација
МЦМС за транспарентно информирањеПодолго време трае јавната дебата за Предлог-законот за територијална организација на локалната самоуправа во Република Македонија, а документот за кој се води јавната дебата не е достапен до пошироката јавност. Сметаме дека сите учесници во оваа јавна дебата треба да бидат информирани за одредбите што ги носи Предлог-законот и затоа го објавуваме интегралниот текст на веб-сајтот на Граѓански свет. |  |
МЦМС
Повикза искажување интерес за две можни работни места на период од 1,5 години и неколку позиции за привремен ангажман (20-80 дена) |  |
Промоција
„Дрога, опасен предизвик во младоста“Здружението на социјалните работници на град Скопје, на 8 јули, во Инфоцентарот во Скопје, ја промовира брошурата „Дрога, опасен предизвик во младоста“, од авторите Иван Тулевски и Славица Шекуткоска. Брошурата е финансирана од Агенцијата за млади и спорт. |  |
Македонски центар за меѓународна соработка
КонкурсМакедонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во рамките на програмата „Граѓански свет“ ја издава публикацијата „Граѓански практики“. Публикацијата содржи текстови важни за граѓанското организирање односно концепти и методологии на граѓанското организирање. |  |
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|