|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Мрежа за наследството на југоисточна Европа
Наследството како израз на индивидуалноста и различностите
Во регионот на Југоисточна Европа почна да функционира нова мрежа, наречена Наследството на Југоисточна Европа (Соутх Еаст Еуропеан Херитаге Нетњорк), која ја формираа дваесет здруженија активни во оваа област. Членки на Мрежата се: Движењето Мјафт (Тхе Мјафт!) и Албанската национална фондација од Албанија; Фондацијата Мозаик и организацијата Купрешка Висораван од Босна и Херцеговина; ЕС МА Нтише (ЕЦ МА Ндтѕсхе) од Косово; Фондацијата Институт отворено општество – Македонија и Македонското истражувачко друштво од Македонија; Експедитио (Еџпедитио) – Центарот за одржлив просторен развој и Нотар – Центарот за заштита и презентација на документарното наследство на Котор, од Црна Гора; Асоцијацијата за заштита на културното наследство АРЦХ - ЛУК (АРЦХ – ЛУК) и Граѓанската асоцијација Субурбиум, од Србија; и, Фондацијата Културно наследство без граници (Цултурал Херитаге њитхоут Бордерс), од Шведска.
Овие здруженија одлучија да работат во партнерство, со цел да ги промовираат идеите и вредностите кои ги споделуваат. Членките на Мрежата го сфаќаат културното наследство како израз на личниот идентитет и на идентитетот на своите заедници. За нив наследството е исто така израз на различностите, како и извор за одржливиот развој на регионот. Културното наследство е извор и за градење на социјалниот капитал и кохезија на заедниците и простор за изразување на добрата волја и соработка меѓу луѓето. Своите разновидни ресурси, знаење и стручност, членките на мрежата ќе ги посветат на заштитата на единствената ризница на мултикултурното наследство, којашто регионот му ја дарува на човештвото.
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|