|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Подобро запознавање со другите религии
Како дел од програмата на МЦМС „Меѓурелигискасора-боткаво Македонија" (ПРМ), во текот на месецов, деканите на Факултетот за исламски науки и на Богословскиот фа-култетразменија предавања, а возвратни посети остварија и студентите на двата факултета.
На 11 март деканот на Факул-тетот за исламски науки, 1/1 с-маил Бардхи,запрвпатодржа предавање на Богословскиот факултет на тема „Куранска егзегеза". По тој повод, дека-нотна Богословскиотфакултет, Јован Таковски, изјави: /;3а многумина ова е нешто ново, но ова е добар начин подобро да се запознаеме со другите религии. На овој начин се овозможува и подобар со-живот во Македонија. Каде што има дијалог, има и место за разбирање". Возвратното предавање се одржа на Факултетот за ислам-ски науки на 15 март, оваа година, каде што деканот на Бого-словскиот факул-тет, Јован Таков-ски, одржа пре-давање на Факул-тетот за исламски науки на тема „Дефиниција, предметиподелба на догматиката, со скратено изложување на троичната и христолошката догма". Пре-давањето предизвика голем интерес од страна на студен-тите на овој факултет. „Ова е позитивен чекор за двете заедници. Иако времето беше кратко, сепак успеавме да му поставиме доволно пра-шања на деканот на Бого-словскиотфакултет. Интересот од наша страна да слушнеме повеќе беше навистина голем", ни рече Зухри Весели, студент на Факултетот за исламски науки.
Програмата ПРМ предвидува и меѓустудентска посета на двата факултета и теолошките средни училишта. Првата посета се оствари на 22 март, на тој начин што дваесет студенти од Богословскиот факултет го посетија Факултетот за ислам-ски науки и Средното исламско училиште „Иса Бег Медре-сата", каде што имаа можност да се запознаат со професорите, студентите, како и просториите од овие образовни институции.
Деканот на Факултетот за исламски науки, Исмаил Бардхи, им се обрати на гостите: „1/1с-ламската религија не вели да не живееме заедно со хрис-тијаните, напротив, таа вели да живееме заедно со нив". Импресии од посетите имаа и студентите: „Ситениедоаѓаме првпат во посета на овој фа-култети на Медресата. Заедно со моите колеги имавме и порано некои иницијативи да оствариме една ваква посета, но немавме вистински кон-такти. Сега имаме шанса да им предложиме на колегите од Факултетот за исламски науки, со цел да се зближиме повеќе, да одиме заедно на кино, во театар, да разменуваме сту-дентски весници и текстови. Ние спаѓаме во таа група што веруваат во тоа, тука сите сме исти", ни рече Александар Зашов, студент и секретар на Студентското друштво при Бо-гословскиот факултет. Воз-вратната посета, т.е. посетата на студентите од Факултетотза исламски науки на Богослов-скиот факултет и Средното богословско училиште се одр-жа на 29 март.
Подготвиле: Даниел Медароски и Грамоз Шабани
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|