|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Концепти
Доверба
Во овој и во следните неколку броја ќе ви презентираме делови од Извештајот за довербата, одговорноста за општествените прашања и добротворството во Македонија. Извештајот е подготвен на основа на две анкети: Довербата во граѓанските организации и Добротоворството во Република Македонија. Анкетите ги спроведе Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во април 2006 година. Извештајот го подготви Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).
Довербата е клучна компонента на социјалниот капитал. Општо земено, може да се идентификуваат три главни типа доверба.
Првата е социјална доверба во сличните, партикулизирана доверба или персонализирана доверба. Ова е доверба внатре во заснованите релации или социјални мрежи (семејство, пријатели, соседи итн.).
Втората, општата доверба или социјалната доверба, вклучува доверба во непознати.
Третата доверба е институционална доверба, која реферира на основана доверба во формалните институции на владеење и на општеството.
Доверба во сличните и општа доверба
Граѓаните во Македонија имаат највисока доверба во семејството (94.3%), наспроти мало мнозинство граѓани (54,5%) кои имаат општа доверба во луѓето.
Табела ИИ 1. Профил на доверба
Карактеристики
Има доверба (54,5%)
Нема доверба (45,5%)
Пол
Нема влијание
Возраст
Нема влијание
Етничка прип.
Нема влијание
Образование
Високо/вишо (59,8%)
Незавршено и основно (58,1%/52,8%)
Работен статус
Вработен/ јавен сектор (66,8%)
Невработен (54%)
Месечни примања
6.001-9,000 МКД (63,9%)
До 2.000 МКД (57%)
Партиска определба
СДСМ (63,4%), ДУИ, ДПА
ВМРО-НП (49,2%)
Урбанизација
Град над 50.000 жители (58.9%)
Град до 15.000 жители (52.7%)
Регион
Куманово (61,1%), Полог (63,8%),
Пелагонија (61,9%) Струмица (59%), Брегалница (55,5%)
Во структурата се забележливи разликите помеѓу граѓаните според различни демографски карактеристики.
Полот, возраста и етничката припадност немаат влијание, за разлика од образованието, работниот статус, месечните примања, политичката определба, како и урбанизацијата и регионот
.
Доверба во институциите
Со довербата во институциите е истражувана довербата според трисекторскиот пристап: држава, деловен (приватен) и граѓански сектор. Медиумите и политичките партии поради можноста да припаѓаат во повеќе сектори се издвоени посебно. Кон нив е додадена меѓународната заедница.
Графикон ИИ 2. Колку доверба имате во:
Профилот на доверба во институциите ги следи карактеристиките на општата доверба. Се јавуваат одредени отстапувања според возраста, етничката припадност и партиската определба.
Припадниците на помладите генерации (18-30 години) имаат поголема доверба во деловниот сектор (56,2%), додека возрасните над 65 години (и пензионерите) имаат пониска доверба во сите сектори со исклучок на државата - медиумите (доверба 45,1%), деловниот сектор (31,9%), граѓанскиот сектор (35,2%), меѓународната заедница (28,6%), и политичките партии (16,5%).
Етничките Македонци имаат пониска доверба во меѓународната заедница (35,1%) и политичките партии (15,7%). Етничките Албанци имаат повисока доверба во деловниот сектор (64,4%), меѓународната заедница (69,1%) и политичките партии (42,1%). И етничките Македонци (26,5%) и етничките Албанци (36,2%) имаат слична доверба во државата (29,2%).
Граѓаните кои ја чувствуваат ВМРО-ДПМНЕ како своја партија помалку му веруваат на граѓанскиот сектор (35%) и на меѓународната заедница (32,5%).
Граѓаните на Скопје имаат помала доверба во медиумите (45,6%), во државата (19,7%), во политичките партии (15%), а со помали разлики и во другите сектори.
Доверба во државниот сектор
Различни институции различно придонесуваат кон (не) довербата кон државата.
Образовните институции ја имаат довербата на 65,6% од испитаниците, а јавните установи и локалната самоуправа на 49,6% односно 45,5% од испитаниците. Граѓаните имаат најмалку доверба во Собранието (28,3%), Владата (26,6%) и судството (23,8%). Постои корелација меѓу ниската доверба во државата и политичките партии и Претседателот, Собранието, Владата и судството.
Профилот на доверба во државните институции ги следи карактеристиките на општата доверба.
Битни разлики се јавуваат во довербата кон локалната самоуправа. Во неа повисока доверба имаат етничките Албанци (58,5%), ДУИ (57%), СДСМ (55,7%) во Полог (72,7%), во Кумановско (52,9%), во Повардарие (53,8%), во Пелагонија (46%). Пониска доверба во локалната самоуправа имаат охридскиот регион, брегалничкиот регион (30,8%) и Скопје (36,2), а донекаде струмичкиот регион (38,9%), етничките Македонци (40,1%).
Довербата во деловниот сектор
Во довербата на деловниот сектор истражувана е довербата во микро (семејни), мали и средни, како и големи претпријатија.
Граѓаните имаат најголема доверба во микропретпријатијата (65,8%) наспроти 52% во големите претпријатија. Тоа е во корелација со високата доверба во семејството (доверба во сличните).
Профилот на доверба во деловните институции ги следи карактеристиките на општата доверба. Малку повеќе се потенцирани регионалните разлики со висока доверба во микропретпријатија во Полог (86%) и ниска во брегалничкиот регион (46,1%).
Заклучоци
1. Релативно ниска општа доверба и доверба во институциите
Граѓаните имаат висока доверба во сличните (доверба во семејството 94,3%) и ниска општа доверба (54,5%) и доверба во институциите.
Впечатлива е поголемата доверба на микро или локално ниво, односно доверба во микропретпријатија (65,8%) и локална самоуправа (45,5%). Тоа е во корелација со доверба во сличните.
Постои помала доверба во големите и во националните институции, со исклучок на медиумите (56,7%) и образовните институции (65,6%).
Посебно ниска доверба постои во Претседателот (33,1%), Собранието (28,3%), Владата (26,6%), судството (23,8%) и политичките партии (22,35).
Можна е корелација на недовербата со перцепцијата на партизираност на институциите.
2. Корелација на општата доверба и социјални показатели
Општата доверба нема корелација со полот, возраста и етничката припадност.
Постои корелација на општата доверба со социјалните показатели: образование, работен статус, месечни примања, партиска определба. Постои поврзаност со регионот и донекаде со степенот на урбанизација.
Довербата е поголема кај граѓаните со повисоко образование, кои се вработени и се со повисоки месечни примања, и обратно.
Земајќи ги обзир поврзаностите на довербата и социјалниот капитал, и на социјалниот капитал и степенот на развој и благосостојба, прашање за понатамошна опсервација е поврзаноста на повисока доверба (социјален капитал) со групи во релативна благосостојба.
3. Довербата во институциите во корелација со возраста и етничката припадност
Довербата во институциите е во значаен дел во корелација со показателите кои влијаат и на општата доверба.
Дополнителни разлики се јавуваат во возраста и етничката припадност.
Возрасните над 65% имаат помала доверба во институциите, посебно во „новите”, за разлика од младите (18-30 години) кои се со повисока доверба во деловниот и донекаде во граѓанскиот сектор.
Етничките Албанци имаат поголема доверба во „новите” институции: деловниот сектор, меѓународната заедница, политичките партии и локалната самоуправа.
Етничките Албанци и етничките Македонци имаат слична (не)доверба во државата, но и слична висока доверба во образовните институции.
Сасо Клековски Извршен дирецтор на МЦМС |
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|