|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Предговор
Почитувани читатели,
Пред вас е новиот број на Граѓански практики, овој пат посветен на волонтерството во Македонија и на заштита на човековите права низ механизмите на граѓанските организации.
МЦМС, преку Граѓански практики, реши да го постави пред потенцијалните истражувачи на теми значајни за граѓанското организирање предизвикот наречен волонтерство. Волонтерството како практика на граѓанските организации но, не само нивна. Волонтерството како законски нерегулирана област која крие големи потенцијали. Анализирајќи ги досегашните искуства, авторите на текстовите презентирани на овие страници ги посочуваат искуствата на другите земји во оваа област и ги даваат своите сугестии во кој правец би требало да се размислува и да се дејствува при регулирањето на волонтерството во Македонија.
Овој број на Граѓански практики доаѓа во времето кога во Македонија е отпочната една поширока акција за промовирање на волонтерството од страна на младинските граѓански организации. Се надеваме дека размислувањата презентирани на овие страници ќе дадат свој придонес во формулирањето на конечните решенија во овој вид организирање.
Два текста се посветени на втората тема. Во нив вниманието е насочено кон механизмите на заштита на човековите права и во еден дел тоа се задржува на граѓанските организации како еден од тие механизми. Појавата на с$ поголем број граѓански организации, за еден од авторите е показател на неможноста на државата да одговори на сите прашања, од една страна, и активизмот на граѓаните кои сакаат преку граѓанските организации самите да си помогнат во надминувањето на проблемите, од друга страна.
И двете теми поттикнуваат на размислување за повеќе отворени прашања кои не се ексклузивно поврзани со граѓанското организирање. Затворањето на тие прашања, пак, нe упатува на меѓузависноста на граѓанскиот сектор со другите сектори во општеството.
Гонце Јаковлеска, соработник за односи со јавноста
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|