Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Вовед

   

 Граѓанските здруженија повторно „фаќаат залет”

Со секој нов број „Граѓански свет” го проширува хоризонтот на различните гледишта, ставови, мислења или активности на си она што претставува здружение на граѓани или фондација во државата. Но и на оние надвор од неа.

Месецот што измина изобилуваше со најразлични активности на организациите од невладиниот сектор. Значи, работата и постоењето на овој сектор од општеството уште еднаш се увиде дека се неопходни, особено во ситуации на динамични процеси и збиднувања, во какви што и беше нашата земја во изминатиов период. По несаканите настани што се случуваа во Македонија и по прекинот на работните секојдневија на граѓанските здруженија, тие многу брзо се вратија на своите редовни активности – семинари, конференции, предавања, проекти…

Во текот на април посетивме и неколку организации на кои МЦМС им имаше доделено грантови за одредени проекти. Во таа прилика имавме можност непосредно да дознаеме и за нивните видувања за постоењето на „Граѓански свет”. Од нивните зборови можевме да заклучиме дека весникот е можеби единствениот од таков вид во државата, осмислен токму онаков каков што е неопходен за нив. Тоа значи дека оправданоста на „Граѓански свет” лежи во зближувањето и поблиското запознавање со работата на сите невладини организации, преку протекот на информации во весникот.

Афирмацијата на весникот се повеќе расте, што нам ни дава до знаење дека се движиме во добар правец, во насоката поставена уште од претходникот на овој гласник, НВО Билтенот, што Македонскиот центар за меѓународна соработка го објавуваше од средината на 1996 година па се до почетокот на 1998 година.

Темите што  можете да ги прочитате во „Граѓански свет” доаѓаат директно од нас, од вас. Со тоа, сите ние, здруженија на граѓани или фондации, група граѓани, поединци, заедно можеме да видиме каде сме најјаки во општеството, па да продолжиме во тој правец. Или, кои се тие работи што ни недостасуваат, каде се среќаваме со потешкотии? Можеме ли заедно да ги решиме истите, или поединечно? Потоа, не само да критикуваме, туку и да бидеме и самокритични. Со тоа и да го подобриме квалитетот на работата.

Таквите проблематики, различните размислувања, најдоа свое место во изминатите броеви на нашиот гласник, и засега добро ни оди. Во нив можете да ја препознаете сликата на невладиниот организациски сектор. Слични информации, скоро секојдневно, свежи, нови, редовно добивате и на нашата веб-страница. Да ве потсетиме на неа:

www.graganskisvet.org.mk, или www.civicworld.org.mk (верзија на англиски јазик). Значи, имаме, односно имате, целосен увид за тоа што се случува во „нашиот” сектор.

Во новиов број Ве поттикнуваме на уште едно прашање на отворениот форум на нашата веб-страница: Дали соработуваме? Дали невладиниот сектор се здружува за полесно совладување на секојдневните активности? Или, со кого и како соработувате? Еден таков пример ќе проследите во наредните страници на овој „Граѓански свет” – соработка на локалната самоуправа со невладиниот сектор.

Минатиот месец изобилуваше со нови публикации од нво-секторот. Ви претставуваме неколку од нив. Ви претставуваме и една нова женска невладина организација, „Демос” од Прилеп, која најверојатно внесува живост и нов импулс на прилепската граѓанска сцена.

„Граѓански свет” се дистрибуира бесплатно до сите организации од т.н. невладин сектор, но и до факултетите, средните и основните училишта, судовите, државните институции, партиите и медиумите. Со тоа придонесуваме за популаризацијата на нашата, заедничката, работа. Во невладиниот сектор, според Законот за здруженија на граѓани и фондации, спаѓаат и спортските друштва, и културно-уметничките друштва… Нека ни се приклучат и тие! А доколку Вашата организација си уште не го добива овој весник, не двоумете се да ни се обратите и да ни ја дадете Вашата адреса, до која ние во иднина континуирано ќе Ви го испраќаме „Граѓанскиот свет”.

Пред крајот, не можеме а да не спомнеме нешто за најновите политичко-безбедносни случувања во државата. Тие беа повод и уште една можност да се увиди зошто и колку се потребни овие (невладини) структури. Во оваа ситуација скоро сите реагираа на некој, свој, начин. Но, фактот што токму овој тип организации ја пополнуваат настанатата државна бирократска празнина, во вакви екстремни случаи, само докажува колку сите Ние сме му потребни на обичниот граѓанин, или на граѓанскиот свет воопшто.

“Граѓански свет” се обидува сите да не зближи, ни ја дава, ни ја отсликува состојбата на граѓанскиот свет. Приклучете се и вие! Без вас, „Граѓански свет” не би постоел, не би имал смисла.
Ве очекуваме!

Даниел Медароски

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Број 03 Април 2001
Број 03 Април 2001
Вовед
Настани
Публикации
Форум
Календар
Погледи
Претставување
Донатори
Избор
 

©MCMS - designed by KOMA