Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Интервју

   

ИНТЕРвЈУ: ДЕЈВИД МЕЈО, КООРДИНАТОР НА СОВЕТОТ НА МЕЃУНАРОДНИ НВО 

Со нетрпение очекувам континуирана соработка со локалните НВО

Во рамките на хуманитарните активности за надминување на кризата, во Македонија делуваа околу 30 меѓународни невладини организации. Тие меѓусебно се координираат преку тело наречено НВО Совет. За функционирањето и улогата на НВО советот, разговараме со неговиот координатор Дејвид Мејо.
--------------------------------------------------------------------------------
Александар Кржаловски

Г. С.: Што е НВО Советот и која е Вашата улога во него?
Д. М.:
Најпрво, Ви благодарам за поканата за интевју. Ја ценам можноста да дискутирам за Меѓународниот НВО Совет и со нетрпение ја очекувам континуираната соработка со МЦМС и други локални НВО.

Првото прашање би го одговорил со преглед на мисијата и активностите на советот. Советот е неформално здружение на меѓународните НВО кои обезбедуваат хуманитарна и развојна помош во Македонија. Неговото оформување е за време на кризата (од минатата година) беше со цел да ја зголеми ефикасноста на операциите на НВО.

Подоцна, од членовите беше одлучено дека Советот може да биде поефикасен, ако е раководен од професионален персонал. Во септември ДФИД (Одделот за меѓународен развој на Британската влада) одобри краткотрајно финансирање на секретаријат, преку Католичките служби за помош (ЦРС). Секретаријатот вработува две лица: мене и мојот помошник Димитар Спасеновски. НВО Советот во моментот има 22 организации-членки.


Г.С.: Кои се целите на Советот?
Д. М.:
Според условите за финансирање, Советот мора да изнесе два основни резултати. Мора да ја подобри координацијата на меѓународните НВО. Исто така мора да ја подобри и координацијата меѓу нив и другите национални и меѓународни актери во Македонија.

Во тие рамки, Советот превзема одреден број чекори за да ги координира активностите помеѓу неговите членови: држи дво-неделни состаноци за да ги информира членовите за нивниот актуелен напредок во активностите и за споделување на информации; подготвува и циркулира дневни безбедносни извештаи кои се базирани на податоци кои се прибираат во текот на целиот ден; ги дистрибуира и измените во Ориентациониот водич за членовите, чии регулативи и административни процедури се следат од страна на меѓународните НВО; ги подготви и развива принципите за членство во НВО Советот.


Г. С.: Како Советот соработува со другите актери, особено со локалните НВО?
Д. М.:
Советот учествува во одреден број на постоечки координативни механизми: придонесува во напорите на ОЦХА (Канцеларија на ОН за координација на хуманитарни активности) да поврзе неколку постоечки бази на податоци и матрици за информации за активностите; редовно присуствува на координативните состаноци за хуманитарна помош и безбедност, организирани од Македонската влада, локалните НВО и агенциите на ОН.

Советот, исто така помага за иницирање на нови координативни механизми: соработува со Хуманитарниот координатор на ОН, во развојот на рамка за поддршка/помош за спојување на постоечките хуманитарни програми за помош со долгорочните напори за развој, сe со цел да се постигне максимална ефикасност, ефективност и еднаквост. Овие напори резултираа во Транзициона рамка која беше презентирана на 12 Март, на Донаторската Конференција. Таа се смета како структура за процесот на транзиција, со комитети/групи во кои засега учествуваат локалните НВО, МЦМС и Ел Хилал; истражува можност за соработка со Фондацијата Институт отворено општество Македонија (ФИООМ) и членките на локалната НВО хуманитарна координација, кои ќе ги вклучат другите локални НВО во процес на прибирање информации за регионалните потреби од аспект на НВО, а со цел да се поддржи претходно споменатиот процес на транзиција. И на крај, Советот закажува состаноци помеѓу неговите членови и донаторите на редовна основа, за да можат меѓусебно да се информираат за актуелните прашања, потреби и можности за делување.

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Број 15 Април 2002
Број 15 Април 2002
Вовед
Тема
Настани
Календар
Публикации
Интервју
Погледи
Концепти
Q&A
Појмовник
Форум
Претставување
Донатори
Избор
 

©MCMS - designed by KOMA