|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Извештај на УНИЦЕФ за 2006 година
Се намалува смртноста на децата
Првпат во модерната историја, во 2006 г. степенот на смртност на деца помлади од пет години се намалил под 10 милиони, се наведува во најновиот извештај на Фондацијата за деца при ООН (УНИЦЕФ).
Ова е историска пресвртница”, оценува извршниот директор на УНИЦЕФ, Ен Венеман, предупредувајќи дека на светот му претстои голема работа на овој план.
„Загуба на околу 9,7 милиони млади животи годишно е неприфатливо”, изјави таа, појаснувајќи дека „повеќето од овие жртви може да се спречат”.
Напредокот е резултат на прифаќањето основни здравствени стратегии, како што се раното доење и доењето како исклучив облик на прехрана на новороденчињата, вакцинирање на децата, земање витамини за јакнење на имунолошкиот систем, како и борба против маларијата.
Примарно лечење на запаление на белите дробови и цревните болести, мерки против големата ненахранетост и лечење на децата заразени со ХИВ/СИДА се еднакво важни стратегии во борбата за преживување на децата, како што се прифаќање на хигиенските навики, пристап до пивка вода и здравствена заштита.
Меѓу клучните заклучоци на УНИЦЕФ се истакнува дека секоја религија остварила напредок, но резултатите од 1990 до 2006 година се најдобри во Латинска Америка и на Карибите, во централна и источна Европа, во државите од бившиот Советски Сојуз, во источна Азија и на Пацификот.
Големата смртност на децата во минатото ја погодуваше Азија, додека денес околу 50 проценти од сите деца на возраст до пет години, се од супсахарска Африка.
Ако продолжи актуелниот тренд, 2015 година супсахарска Африка ќе биде подрачје со околу 60 проценти на смртност на сите деца до пет години во светот.
Уверлив напредок во намалувањето на смртноста на децата оствариле Кина и Индија.
Во Кина, од 1990 до 2006 г. намалувањето на смртноста изнесувала 47 проценти, а во Индија, во истиот период, 34 проценти.
И покрај трагичниот тренд во супсахарска Африка, значителен напредок оствариле одделни држави, како што се Малави, каде смртноста се намалила за 29 проценти од 2000 до 2004 година, а потоа и во Етиопија, во Мозамбик, во Намибија, во Нигерија, во Руанда и во Танзанија.
Најголемата смртност е кај децата во западните и во централните африкански држави и во јужна Африка, каде ширењето на ХИВ/СИДА ги поништува напорите на здравствените работници во борбата за преживување на децата.
Извештајот на УНИЦЕФ е изработен врз основа на податоци добиени од владите на државите членки на ООН, но некои експерти, како Кристофер Муреј, директор на Институтот за здравствени истражувања при Универзитетот во Вашингтон, се сомневаат дека е остварен напредок.
Успехот во намалувањето на стапката на смртноста кај децата е важен за постигнување на „Милениумските цели” на кои во седиштето на Светската организација се обврзаа светските лидери во 2000 година.
Милениумските развојни цели го обврзуваат светот до 2015 година за две третини да го намали бројот на починати деца до пет години, со што би се спречила смртта на околу 5,4 милиони деца годишно
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|