Здружение на студентите со посебни образовни потреби
Рамноправно образование за лицата со хендикеп
Здружението на студентите со посебни образовни потреби (ЗСПОП) од Скопје е единствено здружение во Македонија што го третира проблемот на високото образование на студентите кои од различни етиолошки фактори или повреди имаат вродено или стекнато оштетување.
Здружението е формирано во декември 2002 година од група млади ентузијасти, во најголем дел дефектолози кои со поддршка од Филозофскиот факултет од Скопје, Институтот за дефектологија, односно деканот, професор д-р Трајан Гоцевски. За неполна година Здружението има 12 членови (двајца од нив дефектолози, двајца студенти по дефектологија и една професорка, кои се и членови на управниот и надзорниот одбор на здружението), и 16-тина студенти со различен вид хендикепираност - глуви, слабовидни и телесно инвалидни лица.
Целта на Здружението е унапредување на процесот на високото образование кај лицата со хендикеп, нивно рамноправно учество во воспитно образовниот процес преку обезбедување на потребните услови за адекватно следење на наставата. Здружението настојува преку својата програма да обезбеди услови за пристапност до сите факултети; рушење на архитектонските бариери и олеснување на транспортот на телесно инвалидизираните лица до факултетите; создавање услови за постоење преведувач на геставен јазик за глувонемата популација како и обезбедување браева литература и секаква друга аудиовизуелна опрема.
ЗСПОП соработува со скоро сите слични граѓански организации во Македонија, но и надвор од неа. Во јуни Здружението стана учесник во проектот „Share See (Self-Help & Advocasy for rights equal oportunites)“. Од 02 до 06 јуни 2003 г. во Софија ова здружение потпиша и декларација за влез во една инернационална мрежа со земјите од Југоисточна Европа во која освен Македонија учествуваат Србија, Црна Гора, Молдавија и Бугарија. На истата средба здружението успеа да постигне согласност за спроведување на еден заеднички меѓународен проект финасиран од Институт отворено општество од Будимпешта кој ќе се реализира во 2003/2004 год. и ќе опфати истражување со кое ќе се добие потребната регистрација на студентите со посебни потреби, а која досега не постоела, потоа медиумска кампања преку која јавноста ќе се запознае со податоците од истражувањето, веб-портал за информации за секое здружение од земјите учеснички, итн.
За остварување на сите свои цели и активности Здружението е отворено за соработка, а сите заинтересирани за тоа можат да се обратат до претседателот на ЗСПОП, Даниела Стојановска, на тел. 070/756-030 или на електронската пошта assen@mt.net.mk.
Д. М.
|