|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
За корупцијата во високото образование
Клоцааааааа!!!!
Под мотото ‘‘Клоца! За корупцијата во високото образование‘‘, Младинскиот образовен форум ги продолжува активностите во рамките на проектот „Антикорупција во високото образование‘‘. Овој проект е дел од Антикорупциската студентска мрежа на Југоисточна Европа, во која членуваат: Македонија, Бугарија, Хрватска, Србија, Молдавија и Албанија.
Кампањата „Клоца!‘‘ е само дел од активностите коишто ги спроведува Младинскиот образовен форум (МОФ) со цел да се намали корупцијата на скопскиот и битолскиот универзитет, да се влијае врз поединците инволвирани во коруптивни дејства, како и да се промени свеста на учесниците во вискокото обрзование. Крајната цел е да се извршат промени во ној дел од постојната законска и универзитетска регулатива што генерира коруптивно однесување.
Претседателот на МОФ, Маријан Забрчанец, вели дека корупцијата во вискокото образование постои, и тоа во сите сектори, вклучувајќи ги професорите, студентите и администрацијата. Тоа го потврдува и истражувањето направено од ФИООМ, според кое 35% од студентите слушнале дека им е побарано мито на нивни колеги за полагање испит, 35% не веруваат во регуларноста на уписите на факултетите, 66% сметаат дека не се почитуваат критериумите за распределба на соби во студентските домови, а на 66% им било побарано да купат учебник од професор.
Кампањата „Клоца! За корупцијата во високото образование‘‘ е втор дел од проектот Антикорупција во високото образование, по кампањата „РЕЗИЛ‘‘. МОФ ги планира овие активности со цел да го актуелизира ова прашање и да работи на изнаоѓање решение за овој горлив проблем кој ne се појавува само кај нас, туку и во целиот регион. Како најдиректно средство во борбата против корупцијата во високото образование МОФ во соработка со Министерството за образование го промовира отворениот телефон 02/310-6516 на кој можат да се јават сите за да & „удрат‘‘ клоца на корупцијата во високото образование.
А.Т.
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|