|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Меѓународен ден на лицата со посебни потреби
Хендикепираните се еднакви со останатите
Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби оваа година се совпадна со одржувањето на НВО саемот – 4 форум на граѓанското општество во Македонија. Организациите кои работат со лицата со посебни потреби ја искористија можноста да поразговараат меѓу себе, но и да ги презентираат работите што ги направиле досега.
Здружението Полио плус по втор пат ги додели наградите “Вулкан”. Оваа година наградите ги добија писателот Бранко Ортаковски, за романот “Како до изгубеното здравје”, сликарката Афредита Кики за нејзиното творештво и Миле Стојкоски, за патувањето со инвалидска количка од Прилеп до Атина.
Наградите се состојат од златна плакета и паричен износ од 15.000 и 30.000 МКД, а се доделуваат на лицата кои во претходната година придонеле за промоцијата на правата и положбата на лицата со посебни потреби.
Во текот на НВО саемот, Полио плус го организира панелот “Медиумите и хендикепот” на кој лицата со посебни потреби им кажаа на новинарите 10 златни совети во известувањето за нив. Тие порачаа дека не сакаат да бидат само тажна приказна, сензација за еден ден или некој над чија судбина треба да се плаче. Медиумите мора да влијаат врз свеста на сите дека хендикепираните се еднакви со останатите. На хендикепираните им е потребна помош бидејќи им треба малку повеќе време за секојдневните активности, а животот ќе им биде многу полесен доколку успееме сите заедно да ги отстраниме бариерите, и оние архитектонските, но и бариерите во свеста на сите нас.
На панелот “Единствен глас” претставниците на Заедницата на инвалидските организации и релативно поновите организации кои работат на промоција и заштита на правата на лицата со посебни потреби дебатираа и се обидоа да ги приближат своите ставови за тоа како ќе дејствуваат за да ги остварат своите цели. Ова е продолжение на дискусиите што веќе неколку месеци се водат помеѓу овие условно речено два субјекти кои работат со лицата со посебни потреби.
И Интерпарламентарната лоби-група за лица со посебни потреби имаше своја презентација. Претседателката, Лилјана Поповска, се осврна на резултатите и плановите. „Она што досега го постигна Интерпарламентарната група е донесување на Декларацијата за заштита и унапредување на правата на лицата со посебни потреби, се измени и дополни Законот за вработување на инвалидизирани лица, а од особено значење беше измената во правилникот за набавка на ортопедски помагала со која партиципацијата од 40 отсто се намали на десет отсто”, објасни Поповска. Следните чекори на лоби-групата за правата на лицата со посебни потреби во Собранието се системски закон, механизми за имплементација и заштита, а од особена важност се плановите за формирање национален совет којшто би имал стратегија како да им се помогне на хендикепираните на ниво на државата , како и формирање фонд на државно ниво кој ќе биде во функција на лицата со посебни потреби.
Лицата со посебни потреби добија и ветување од парламентарците дека до мај 2005 година, кога за прв пат ќе се одржат денови на македонското Собрание, ќе можат слободно и лесно со количките да влезат во највисокиот законодавен дом. Ветувањето е дека рампата којашто требаше да биде изградена пред многу години, најпосле ќе се изгради.
Гонце Јаковлеска
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|