Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Животна средина

   

Граѓански комитет за развој - Пробиштип

ОСОГОВО ЕКОРЕГИОН

Граѓанскиот комитет за развој од Пробиштип, го реализира проектот “Осогово екорегион” чија главна цел е овозможување  одр­жлив развој на осоговскиот ре­гион. Посебно внимание се посве­тува на размената на инфор­мации и еви­денција на потенцијалите во ре­гионот; утврду­вање приоритети за одржлив развој на регионот и про­моција  и афирмацијата на потен­ци­јалите и можностите на осоговскиот регион.

Осоговскиот регион не е доволно афир­миран, сметаат во ГКР од Пробиштип. Со реализацијата на про­ектот тие се наде­ваат дека ќе при­донесат за развојот на еколошкиот и селскиот туризам во регио­нот, за­познавање на јавноста со сите потен­цијали на Осоговието и зголе­му­вање на соработката меѓу локал­ните са­моу­прави и другите организации и ин­ституции во регионот.

Актив­ностите се фокусирани на одржување јавни трибини во поголемите општини од регионот, одржување тркалезна маса и потпишување меморандум за соработка меѓу претставниците на локалните самоуправи, изработка и дистрибуција на еко­туристичка карта и промотивна публикација и подготовка и емитување на документарно-репортажна емисија.

Активностите се реализираат во поголемите општини од осо­говскиот регион: Крива Паланка, Кратово, Пробиштип, Кочани и Македонска Каменица, во периодот од  јули 2004 го­дина до  јуни 2005 година. Партнери во реализацијата на проектот се локал­­ни граѓански организации, локалните само­управи, ме­диуми и јавни претпријатија од регионот.

Во рамките на проектот беа спроведени неколку трибини на тема: “Осоговски регион, ресурси, идеи и можности за развој и соработка”, “Можности за развој на алтернативни видови тури­зам во осоговскиот регион” и “Производство на здрава храна - органско земјоделие”.

Проектот е поддржан од страна на Регионалниот центар за заштита на животната средина за Централна и Источна Европа (РЕЦ) со средства обезбедени од Еуропе аид, Канцеларијата за соработка на Европската комисија, во рамките на Програмата за национални и регионални грантови за граѓански орга­низации (ЗГ) во областа на одржливиот развој во Западен Бал­кан. Бу­џетот изнесува 8.014 евра.             

Граѓански комитет за развој - Пробиштип
Е-маил: gkrprobistip@yahoo.com

Гонце Јаковлеска

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA