|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Предговор
Почитувани читатели,
Македонскиот центар за меѓународна соработка го подготви вториот број на публикацијата Граѓански практики.
Носечката тема за овој број ја формулиравме како “Граѓанското образование – ја постигна ли целта?”. Со ова сакаме да презентираме различни видувања за резултатите од петгодишното спроведување на наставните планови за граѓанско образование по неговото воведување во нашиот образовен систем во 1999 година. Исто така, сакаме да отвориме расправа низ какви форми се спроведува или може да се спроведува граѓанското образование и дали тоа се случува и треба да се случува единствено преку формалното образование.
Авторите кои даваат свои размислувања на темата на различни начини биле вклучени, го следеле или имаат увид во тоа како се одвива граѓанското образование. Интересно е да се забеле‘и дека видувањата се различни, од многу позитивни оценки до сериозни забелешки за начинот на кој истото се спроведува и за остварувањето на целите. Ова мо‘е да биде поттик за потемелно истра‘ување за успехот на овој проект во образованието и основа за поширока дебата на оваа тема која ќе ги вклучи експертите и одговорните за спроведувањето и оние на кои истото им е наменето.
Овој број на Граѓански практики отвора уште една тема “Мрежи, искуства во Македонија” каде што амерата е да погледнеме наназад на досегашните искуства од меѓусебната соработка на граѓанските организации и да извлечеме поуки за иднина, особено во контекст кога соработката станува с$ поважна во функционирањето на граѓанските организации и остварувањето поголемо влијание и ефективност.
Сунчица Саздовска
Раководител на одделението
за граѓанско општество
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|