МРФП, НЕПА И ТУТУНСКА БАНКА
Финансирање на мали и средни претпријатија
Во организација на МРФП - Македонската развојна фондација за претпријатија, Националната агенција за развој на мали и средни претпријатија – НЕПА и Тутунска банка АД Скопје, издадена е публикација во која се претставени извадоци од презентацијата на тема „Можности за финансирање на мали и средни претпријатија во Република Македонија”, одржана на 19 и 20 март годинава.
Претставени се теми обработени од повеќе институции, организации и претријатија, изложени од стручни лица кои работат во оваа област, како на пример: кредитни линии, финансирање проекти со висок ризик, СЕАФ, можности за финансирање на трговските друштва преку берза и други.
|