Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Жени

   

КОНФЕРЕНЦИЈА

Жените на 21 век

Сопругите на претседателите на државите, на владите и на парламентите од државите на Југоисточна Европа, на конференцијата во Охрид ќе работат заедно со претставничките на здруженијата на граѓани и жени-лидерки на основната тема – Улогата на жените во развојот на демократските процеси во регионот

Под покровителство на сопругата на Претседателот на Република Македонија, г-ѓа Вилма Трајковска, во соработка со невладиниот сектор, Република Македонија е домаќин на Втората конференција на жени-лидерки од Југоисточна Европа, „Жените на 21 век”, под наслов „Улогата на жените во развојот на демократските процеси во Југоисточна Европа”.  Конференцијата ќе се одржи од 11 до 13 мај во Охрид, а на неа ќе учествуваат сопругите на претседателите на пет држави од регионот, како и стотина претставнички од женски невладини организации и жени-лидерки. На конференцијата ќе учествуваат и сопруги на претседатели на влади и на парламенти од регионот.

Според начинот на работа кој се спроведуваше и на Првата конференција „Жените на 21 век” во Софија во 1998 година, и на оваа конференција ќе се работи на две нивоа – првите дами од државите од регионот ќе учествуваат во двете пленарни сесии, а претставничките од невладиниот сектор и жените-лидерки ќе учествуваат и во работните групи. Заклучоците од работните групи ќе се верификуваат и со потписите на првите дами. Во Софија беше формирана мрежата на жени-лидерки од Југоисточна Европа – СЕЕЛИДА која функционира помеѓу двете конференции, спроведувајќи регионални проекти за подобрување на полжбата на жената во општеството.

Дискусиите на Конференцијата ќе се одвиваат во четири работни групи, на темите: „Економски и социјален развој”, „Човекови права - женски права”, „Граѓанско општество” и „Жените во процесот на одлучување”.

Целите на оваа конференција се продолжување на процесот на заедничка заложба на жените-лидерки за одржлив развој на регионот; придонес кон унапредување на соработката и развивање партнерство меѓу жените- лидерки и придонес кон активирање и мобилизирање на граѓанските иницијативи во регионот.

Конференцијата има задача да развие мрежа на соработка на жените од различни области (политика, економија, граѓанско општество, застапување и лобирање, здравство, медиуми), да обезбеди форум за размена на идеи и искуства, да ја промовира моќта на непартиското (неполитичко) ниво на комуникација, да се надминат предрасудите и да се развива соработка меѓу народите од Југоисточна Европа.

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Број 03 Април 2001
Број 03 Април 2001
Вовед
Настани
Публикации
Форум
Календар
Погледи
Претставување
Донатори
Избор
 

©MCMS - designed by KOMA