Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Избор

   

ОТВОРЕНО ПИСМО ОД ПАУЛО КУЕЉО ДО ЏОРЏ БУШ

“Ви благодарам, голем вожду, Џорџ В. Буш”

Ви благодарам што на сите им покажавте каква опасност претставува Садам Хусеин. Многумина инаку би можеле да заборават дека тој употреби хемиско оружје против сопствениот народ, против Курдите и против Иранците. Хусеин е крвожеден диктатор и едно од најјасно олицетворените зла во денешниот свет. Но, тоа не е единствената причина поради која ви заблагодарувам. Во текот на првите два месеци од 2003 година, на светот му откривте уште многу важни нешта, па затоа ја заслужувате мојата благодарност.
Затоа, потсетувајќи се на песната која ја научив уште како дете, би сакал да ви ја изразам својата благодарност. Ви благодарам што на сите ни покажавте дека турскиот народ и неговиот Парламент не се за продажба, дури ниту за цена од 26 милијарди долари. Ви благодарам што ни покажавте јасно дека ни Хосе Мариа Азнар ниту Тони Блер не придаваат ни најмала важност ниту пак ги почитуваат добиените гласови. Азнар е совршено способен да се оглуши на фактот дека 90 отсто од Шпанците се противат на војната, а Блер ниту малку не го вознемируваат најголемите јавни протести кои се случиле во Англија во текот на последните 30 години.
Ви влагодарам што го присиливте Тони Блер да излезе пред британскиот Парламент со лажно досие кое пред 10 години го напишал некој студент и да го подметне како “непобитни докази кои ги присобрала британската тајна служба”.
Ви благодарам што овозможивте Колин Пауел да направи будала од себе покажувајќи му ги на Советот за безбедност на ООН фотографиите кои после една недела јавно ги оспори Ханс Блик, инспекторот задолжен за разоружување на Ирак.
Ви благодарам што го заземавте својот сегашен став и така овозможивте противвоениот говор на францускиот министер за надворешни работи Доминик де Вилпин на пленарната седница да биде дочекан со ракоплескање - што, колку што ми е познато, се случило само еднаш во историјата на ООН, после говорот што го одржа Нелсон Мандела.
Ви благодарам и за тоа што, поради вашите настојувања да ја протуркате војната, инаку поделените арапски држави, за време на февруарскиот состанок во Каиро прв пат беа едногласни во осудата на било кој вид напад.
Ви благодарам за вашата реторичка изјава дека “ООН сега има прилика да ја покаже својата важност”, со која и најненаклонетите држави ги поттикнавте да се спротивстават на нападот врз Ирак.
Ви благодарам за вашата надворешна политика која го поттикна британскиот министер за надворешни работи, Џек Строу, да изјави дека и во 21 век “војната може да биде морално оправдана”, па така потполно ја изгуби својата веродостојност.
Ви благодарам што се обидовте да ја поделите Европа која тежнее токму кон обединувањето; тоа предупредување нема да пројде незапазено.
Ви благодарам што го постигнавте она што малкумина го постигнаа во овој век: обединувањето на милиони луѓе од сите континенти во борбата за иста цел, иако е спротивна на вашата.
Ви благодарам што ни овозможивте уште еднаш да почувствуваме дека нашите зборови, иако неислушани, барем се изговорија - заради тоа во иднината ќе бидеме посилни.
Ви благодарам што не обрнувате внимание на нас, што ги омаловажувате сите оние кои се спротувставуваат на вашата одлука, бидејќи иднината на Земјата им припаѓа на исклучените.
Ви благодарам бидејќи без вас немаше да ја запознаеме сопствената подготвеност за борба. Овојпат можеби нема да биде целисходна, но во иднина недвојбено ќе ни биде полезна.
Сега, кога се чини дека повеќе не е можно да се замолкнат воените тапани, би сакал да го кажам она што му го кажал еден стар европски крал на еден натрапник: “Уживај во преубавото утро, нека сонцето ги облие оклопите на твоите воини, бидејќи попладнево ќе те поразам”.
Ви благодарам што нам - војската анонимни луѓе кои се собираат на улиците во обид да го сопрат веќе започнатиот процес - ни овозможивте да го запознаеме чувството на беспомошност, да се соочиме со него и да го преобразиме.
Затоа, уживајте во своето утро и во славата која тоа допрва ќе ви ја донесе.
Ви благодарам што не не послушавте и што не н$ сфативте сериозно, но знајте дека ние ве слушаме вас и дека нема да ги заборавиме вашите зборови.

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Број 25 Март 2003
Настани
Коментар
Писма од читателите
Тема
Интервју
Публикации
Погледи
Концепти
Појмовник
Q&A
Форум
Претставување
Донатори
Избор
Календар
 

©MCMS - designed by KOMA