ЕКОЛОШКО ДРУШТВО "ЈАВОР"
Земјоделски информатор
Земјоделскиот информативен центар кој работи во состав на Еколошкото друштво „Јавор” од Зрновци, почна да издава месечен билтен, со цел ги да информира и едуцира граѓаните за најновите технологии за производство на здрава храна, модели за одржливо и органско земјоделство, трговија и начини на здружување на земјоделските производители, можностите за вработување и освојување нови пазари, поврзување со напредни земјоделци од земјава и странство, кредитни линии и грантови и друго.
Билтенот е печатен со помош на неколку организации од САД: Институтот за трајни заедници, Канцеларијата за демократија и управување, Биро за Европа и новите независни држави, USAID, како и Германското друштво за техничка соработка – GTZ.
|