Движење на екологистите на Македонија
 5 ЈУНИ СВЕТСКИ ДЕН НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА Движењето на екологистите на Македонија, по повод 5-ти јуни, Светскиот ден заштита на животната средина, испрати пороглас до медиумите за да ги потсети граѓаните на проблемите на животната средина и потребните активности поврзани со нејзината заштита.
Прогласот е во продолжение.
5 ЈУНИ СВЕТСКИ ДЕН НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
За денот на екологијата
Почнувајки од 1972 година, 5 јуни се одбележува како ден на животната средина. Последните години, денот го одбележуваат најголемиот број држави. Во многу градови, училишта и асоцијации, вообичаено се организираат пригодни предавања, семинари, улични манифестации и сл. Македонија нее исклучок од тоа. Според вообичаената практика секоја година се определува држава и град – координатор, во кој се организира централната - светска манифестација. За 2007 година е определен норвешкиот град Тромсо, познат универзитетски град, со познат институт за поларни истражувања. Главна тема на манифестацијата во 2007 година, а и целата 2007 е глобалното затоплување и проучување на последиците од зголеманите температури, односно изнаоѓање најприфатливи мерки за намалување на ефектите од стаклената градина. Целта, 5 јуни да се воспостави ден на животната средина била, да се привлече вниманието на општеството, а посебно политиката, за последиците од еколошките промени и да се превземаат определени активности за заштита на животната средина.
Неколку факти и утврдени состојби на планетата земја
Факт е дека во последните децении животната средина е сериозно загрозена. Основна причина се човековите активности. Масовното користење на енергентите и другите материјали во производството и транспортот, несоответното депонирање на отпадот, масовното уништивање на шумите, енормната потрошувачка на суровини и материјали а посебно енормното и несоответно управување со залихите на слатка вода се факторите кои што значајно ја загрозуваат животната средина. Испуштањето на големи количества на материи во атмосферата, водите и земјиштето, доведува до нарушување на природната равнотежата воспоставувана со милениуми. Под влијание на промените во животната средина има масовни изумурања на многу видови организми, а физички промени трпи и атмосферата околу земјата. Промените во атмосферата, покрај другото, предизвикуваат, нарушување на озонскиот слој во атмосферата, што е главен филтер за опасните ултравиолетови зраци. Поради промените во животната средина многу био-видови изумираат. Со изумирањето на биолошките видови (биолошки видови од ботаниката и зоологијата) се нарушува синџирот во природата, а со тоа индиректно се загрозуваат биолошките видови кои директно или примарно не се загрозени од промените во животната средина. Во рамките на тоа загрозен е и опстанокот на човекот. Во продолжение се наведени неколку факти и проценки на стручните лица од најпознатите светски институции. ? Се проценува дека во последните 600 милиони години на земјината топка се појавиле над половина милијарда(500 милиони) био-видови, ? сега постојат одвај 10% од нив (околу 50 милиони). ? Ако не се превземат сериозни мерки, односно, продолжи постојниот тренд, се очекува во наредните 50 години да исчезнат 25% од постојните био-видови. ? Според проценките на експертите, поради глобалното затоплување, најзагрозени би биле регионите на Русија, Канада, Исланд, Балканот и централна Азија, каде половината од денешните био-видови би исчезнале. ? Човекот на земјата се појавил пред околу 120 000 години. Денес човековата популација е во постојан – енормен пораст, а неговото делување со помошта на технолошките иновации е најголемиот виновник за еколошките промени. За да се намалат темните предвидувања, треба да се превземаат серозни мерки во целиот свет, а посебно во поразвиените држави, каде што економските активности се поголеми и кај најсиромашните каде што енормниот пораст на населението е најизразен. Најголемите причини за проблемите се: користењето на фосилните горива, хемиски препарати, несоответното користење на пластиката, енормното сечење на шумите, односно намалувањето на зелените површини и сл. Со поголема посветеност кон природата и самодисциплина, но и санкции према прекршителите, можат да се обезбедат по поволни трендови, без значајно да се загрозат посакуваните профити. Во продолжение, ќе се обидеме да одговориме на неко прашања сврзани со еколошките проблеми, секако според наше видување.
Како да се справиме со состојбите ?
Состојбите можат да се ублажат ако сите граѓани, деловните субјекти, граѓанските организации а особено власта, ги превземат мерките, утврдени со Закон, и еколошките стандарди препорачани од домашните и меѓународни институции. Најголемо внимание треба за да се посвети на намалување гасовите и другите еколошки штетни материи што се испуштаат во воздухот, водите и почвата. За оние што нема да ги почитуваат утврдените нормативи, без исклучок да се превземаат санкции. Во регионите во кои живеат специфични – ретки био-видови, да се организираат набљудувања и евидентирање на состојбите, а во случај на негативни промени, утврдени со обработката на податоците, да се превземат дополнителни мерки за заштита и одржување популацијата.
Кој треба да ја штити животната средина и каде да се насочат силите?
Одговорот е краток, сите и секаде, но најважно е да се елиминира себичноста и алчноста на поедините правни и физички лица. Граѓанските организации од областа на екологијата, имаат воља, знаење и ентузијазам, за активно вклучување, во сите активности релевантни за заштита на животната средина, а со цел, обезбедување услови за здрава и еколошки безбедна животна средина.
Придружете ни се, заедно можеме повеќе.
Движење на екологистите на Македонија
|