|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Х.Е.Р.А.
Награден конкурс за постер на Кампањата за борба против ХИВ/СИДА, 2003
Невладината организација Х.Е.Р.А. - Асоцијација за здравствена едукација и истражување, објавува награден конкурс за избор на најуспешно идејно решение за постер на кампањата за борба против ХИВ/СИДА, 2003.
На конкурсот право на учество ќе имаат сите млади луѓе на возраст меѓу 14 и 20 години. Идејните решенија на конкурсот треба да се испраќаат на адреса на невладината организација Х.Е.Р.А. (бул. Димитрија Чуповски бр. 4-1/14, 1000 Скопје) најдоцна до 25.11.2003 г. Сите потребни информации можат да се добијат на тел.: 02/3290-395 или преку hera@stopaids.org.mk и www.sakamdaznam.org.mk. Најуспешното решение на конкурсот ќе биде објавено преку јавните медиуми како дел од медиумската кампања за борба против ХИВ/СИДА, 2003 г., во организација на невладината организација Х.Е.Р.А., а со поддршка на: Националниот интернет провајдер - Он.нет, Меѓународната федерација за семејно планирање, Агенцијата за млади и спорт и комапнијата „Пи-си фор ол“ („PC for All“).
Овогодишната кампања има главна цел да промовира идејни пораки за проблемот ХИВ/СИДА во Република Македонија креирани од младата популација и насочени кон младата популација. Главни насоки во создавањето на идејните решенија на кампањата ќе бидат следниве:
- креација на порака;
- според пораката, креирање визуелно решение;
- повикување на јавноста да се соочи со проблемот;
- идејните решенија на кампањата не треба да осудуваат;
- идејните решенија на кампањата не треба да застрашуваат.
КОНКУРС За постер на Кампањата за борба против ХИВ/СИДА 2003
УЧЕСТВУВААТ Сите на возраст од 14 до 20 години
НАГРАДИ
- Компјутер, печатар, скенер и 1 година бесплатен интернет - Он.нет.
- Скенер и 1 година бесплатен интернет - Он.нет сите учесници на конкурсот добиват припејд интернет-картички - Он.нет.
НАЈДОБРОТО РЕШЕНИЕ
- ќе биде објавено преку јавните медиуми на прес-конференција на 01.12.2003
- ќе се искористи за Кампањата за подигање на јавната свест за ХИВ/СИДА 2003 во организација на невладината организација Х.Е.Р.А.
УПАТСТВА
- смисли порака
- според пораката состави визуелно решение
- повикај ја јавноста да се соочи со проблемот
- не осудувај
- искористи ја, но не ја менувај црвената панделка
ИСПРАЌАЈТЕ ги вашите идејни решенија како порака и илустрација, цртеж или фотографија (ако користи компјутер во формат ЈПГ) најдоцна до 25.11.2003 г. на следната адреса:
Х.Е.Р.А. Асоцијација за здраствена едукација и истражуваање бул. Димитрија Чуповски бр. 4-1/14, 1000 Скопје Дополнителни информации на тел.: 02/3290-395 секој работен ден од 9 до 16;. и на hera@stopaids.org.mk.
Конкурсот и кампањата се поддржани од: Национален интернет провајдер - Он.нет Меѓународна федерација за семејно планирање Агенција за млади и спорт „Пи-си фор ол“
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|