|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Нов проект за подобри мали и средни претпријатија
Поддршка на претприемништвото во Македонија
Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР), Штедилница Можности, во соорганизација со Единицата за координација на проектите ИФАД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за економија, Фондацијата Институт отворено општество Македонија (ФИООМ), СЕЕД и Фондот за кредитирање на мали и средни претпријатија (Фонд МСП), на 11 мај, годинава во Скопје ги презентираа активностите предвидени со проектот “Поддршка на претпремништвото во Македонија”. Проектот ги доближува информациите до крајните корисници за изворите на средства за поддршка на претприемништвото и дава придонес во формирање соодветни услови за развој на МСП.
“Досега постоеше значителен географскиот дисбаланс на употреба на заеми за малите и средните претпријатиа. Многу поактивен беше вардарскиот регион, отколку пелагонискиот, охридскиот или полошкиот регион. Со спроведувањето на овој проект планираме да се доближиме до претриемачите од сите региони во Македонија и да видиме со кои проблеми се соочуваат тие при барањето или користењето на заеми”, изјави меѓу другото Сашо Клековски, застапник на МРФП, а министерот за економија, Стевче Јакимовски потенцираше:
“Развојот на малите и средните претпријатија е многу битен за секое општество. Во западните земји тие учествуваат со 60 проценти во целокупното стопанство на земјата. Без успешни мали и средни претпријатија не може да има ни успешни големи прептријатија”.
Проектот се промовира во 13 градови низ Македонија, започнувајќи од Битола на 12 мај, а следуваат и промоции во: Кавадарци, Струмица, Куманово, Велес, Кочани, Тетово, Гостивар, Прилеп, Охрид, Гевгелија, Штип, со завршна презентација во Скопје. Ваквиот пристап претставува мал придонес во намалувањето на дебалансот кој постои во регионалната дистрибуција на кредитите и другата поддршка на претприемништвото во Македонија. Организаторите, за таа цел, подготвија публикација, која го носи истиот наслов на проектот - “Поддршка на претпремништвото во Македонија”, во која се презентирани кредитни линии и други финансиски услуги, финансиски институции преку кои се спроведуваат линиите, како и програми и проекти во делот на нефинансиски услуги, но и вклучени консултанти во одделни кредитни линии.
Публикацијата ќе биде дистрибуирана за време на презентациите и има за цел да им го олесни пристапот на претприемачите до сите извори кои значат поддршка на претприемништвото во Македонија.
Д.М.
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|