|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
НВО И СОВЕТ НА ЕВРОПА
Правила за партиципативниот статус на меѓународните НВО во Советот на Европа
1. Советот на Европа може да воспостави работни односи со меѓународните НВО доделувајќи им партиципативен статус
Услови кои треба да ги исполнуваат МНВО
2. Партиципативниот статус може да го додели Советот на Европа на МНВО:
а. кои се особено претставителни на полето (полињата) на нивните надлежности, полињата на дејствување, заеднички со Советот на Европа; б. кои се претставени на европско ниво, односно, кои имаат членови во значителен број земји во поширока Европа; в. кои се во состојба, преку работата, да го поттикнат достигнувањето на потесната унија спомената во членот 1 од Статутот на Советот на Европа; г. кои можат да придонесат и активно да учествуваат во советувањата и активностите на Советот на Европа; д. кои можат да ги запознаат граѓаните на Европа со работата на Советот на Европа.
Модалитети на соработка
3. МНВО со партиципативен статус можат да бидат поканети да бидат претставени од Комитетот за врски или тематските групи на настани кои ги организира Генералниот секретаријат.
4. Управните комитети, комитетите на владините експерти и другите тела на Министерскиот комитет можат да ги вклучат МНВО коишто уживаат партиципативен статус во дефинирањето на политиките, програмите и активностите на Советот на Европа, особено давајќи им статус на набљудувачи во Комитетот за врски и во тематските групи на МНВО во согласност со условите од резолуцијата (76) 3 на Министерскиот комитет.
5. Комитетите на Парламентарното собрание и на Конгресот на локалните и регионалните власти на Европа се поканети да ги проучуваат начините на интензивирање на соработката со МНВО и да го овозможат нивното учество во тематските групи, со цел да се обезбеди нивната експертиза.
6. Комесарот за човекови права исто така се поттикнува да одржува блиска соработка со МНВО коишто имаат партиципативен статус.
7. Понатаму, земајќи ја предвид нивната улога како советници по прашањата што се однесуваат на граѓанското општество, генералниот секретар може да се консултира со МНВО, со Комитетот за врски или со тематските групирања на МНВО, писмено или усно по прашања од заеднички интерес.
8. МНВО коишто уживаат партиципативен статус:
а. можат да упатуваат меморандуми до генералниот секретар за пријавување во гореспоменатите комитети, како и до комесарот за човекови права; б. може да бидат поканети да обезбедат, преку нивната специфична активност или искуство, експертски совет за политиките, програмите и активностите на Советот на Европа; в. ќе ја добијат агендата и јавните документи на Парламентарното собрание со цел да им се овозможи/олесни присуството на јавните заседанија на Парламентарното собрание; г. ќе бидат поканети на јавните заседанија на Конгресот на локалните и регионалните власти на Европа; д. ќе бидат поканети на активностите организирани за нив од страна на Секретаријатот; ѓ. ќе бидат поканети да присуствуваат на семинари, конференции, разговори од интерес за нивната работа согласно применливите правила на Советот на Европа.
9. МНВО коишто уживаат партиципативен статус се обврзуваат:
а. редовно ќе се информираат за активностите на Советот на Европа, како и развојот на стандардите со помош на бројните извори на информации коишто им се достапни, вклучувајќи го и интернетот; б. да достават спонтано или по барање на различните тела на Советот на Европа информации, документи или мислења поврзани со нивното(нивните) поле(полиња) на надлежност по прашањата кои се разгледуваат или кои би можеле да бидат третирани од Советот на Европа; в. да работат на промоција на почитувањето на стандардите, конвенциите и правните инструменти на Советот на Европа во земјите-членки и ќе помагаат во имплементирањето на овие стандарди, сето тоа во тесна соработка со локалните, регионалните и националните НВО; г. да им дадат максимален публицитет на иницијативите и достигнувањата на Советот на Европа во нивните полиња на надлежност; д. редовно ќе ги шират информациите за стандардите, инструментите и активностите на Советот на Европа, како и информациите од МНВО, тематските групирања на нивните членови и ќе обезбедат нивна активна работа со цел да ги исполнат барањата на партиципативниот статус; ѓ. да поднесуваат извештај на секои четири години до генералниот секретар во кој ќе го појаснат: - нивното учество во работата на различните тела на Советот на Европа (види ги параграфите 4 и 6 од овој додаток), капацитетот со кој присуствуваат, како и нивниот придонес; - нивното присуство на настаните коишто ги организира Генералниот секретаријат, капацитетот со кој присуствуваат, придонесот што го даваат и сите последователни дејства; - нивното присуство и придонес на состаноците на тематските групи на МНВО; - која било средба којашто тие самите ја организирале, особено оние на кои се однесувале на промоцијата на целите, стандардите и правните инструменти на Советот на Европа; - кои било акции на коишто се отпочнале со цел да се обезбеди почитување на стандардите на Советот на Европа и јавно претставување на неговата работа.
(продолжува во наредниот број)
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|