КХЗТ “ЧЕЛЕБИЈА” – БИТОЛА
Етно културата на Битолската чаршија
Од 13 до 27 август годинава, во Уметничката галерија „Јени Џамија“, беше поставена изложбата „Етно култура на Битолската чаршија“.

На изложбата беа презентирани оригинални фотографии и експонати кои го прикажуваа стопанскиот и мултиетничкиот живот на градот од крајот на 19 до почетокот на 20 век, кога Чаршијата претставувала центар за заедничко живеење на различните култури и народи: Македонци, Турци, Евреи, Власи, Арбанаси, Роми и други, кои делувале во комплексот преку „Еврејската“, „Влашката“, „Стамбол чаршијата“...
Изложбата е дел од проектот „Битола, бабам Битола II“, кој го спроведува Културното и хуманитарно здружение на Турците „Челебија“ од Битола во партнерство со Заводот, музеј и галерија – Битола.
Проектот е дел од Програмата за подобрување на меѓуетничките односи, поддржана од ФИООМ, Фондацијата Крал Бодуен, Фондацијата Чарлс Стјуарт Мот и Фондацијата Аллавида.
Г.Ш.
|