среда, 05 јуни 2013

english version

Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт

ПЕЧАТЕНО ИЗДАНИЕ
Последно издание
Нарачка преку e-mail
Контакт
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 2

   

Јован Ананиев

 

Граѓанското образование - карактеристики и перспективи




Што се подразбира под граѓанско образование?

Збир на информации во форма на знаења и вештини кои се пренесуваат на (сегашните или идните) граѓани на една држава, а кои содржат политиколошка и економско-социјална материја.

 

Каква е улогата на граѓанското образование во општеството?

Тоа претставува агенс за демократска политичка социјализација на граѓаните во општеството и придонес во креирањето активни партиципативни граѓани.

 

Во каква форма се реализира граѓанското образование?

  • како наставен предмет или како наставна содржина во склоп на              образовните институции;
  • неформално, од страна НВО во вид на тренинзи.

Кои се катрактеристиките на граѓанското образование во РМ?

  • застапен како предмет и како наставна содржина во склоп на други предмети;
  • ретко застапен како содржина за обука на возрасни од страна на НВО;
  • немање соодветен кадар;
  • немање соодветни методи и техники;
  • постоење учебници;
  • постоење наставна програма;
  • немање релевантни параметри за евалуација.


Граѓанското образование - карактеристики и перспективи

 

Демократскиот контекст на граѓанското образование


За да добие атрибут демократска, една држава мора да има демократски политички систем и демократска политичка култура меѓу граѓаните. Политичките системи во земјите во транзиција се речиси трансформирани, но за да добие демократски карактер политичката култура треба да помине подолг период. За да биде овој процес пократок и поефикасен,  потребно е да се анимираат сите агенси на политичката социјализација - спонтано или поттикнувачки. Еден од таквите агенси е и образованието, а тоа најпотполно ќе го даде својот придонес во демократскиот развој доколку своите институции ги претвори во демократски вежбални - места  каде се учи и практикува демократијата, меѓусебната толеранција и партиципативното учество во донесувањето одлуки. Но, успехот во создавањето демократи ќе се достигне доколку во училиштата се реализира настава по предметот граѓанско образование.

 

Што е суштината на граѓанското образование?

Граѓанското образование е комплекс на знаења и вештини во областа на политичкиот систем, демократијата, човековите права, мирното разрешување на споровите, меѓународните односи и сл. Со еден збор, тоа е збир на информации кои треба да ги поседуваат граѓаните за да ги практикуваат полесно своите права, полесно да ги осознаат своите одговорности  и правилно да ги сфатат политичките процеси и институции во кои се нивни дел или имаат меѓусебно влијание со нив. Така сфатено, граѓанското образование може да се изучува во форма на посебен наставен предмет (во Република Македонија тоа е случај во средните стручни училишта) или како дел од наставната содржина на посебни предмети (кај нас тоа е застапено во основните училишта и во гимназиите).

Честа е праксата во посткомунистичките земји материјата по граѓанско образование да се реализира во соработка со невладините организации каде што учениците би имале практична работа и реално би ги согледале моделите за учество на граѓаните во донесувањето на одлуките. Веќе постои иницијатива на регионално ниво (Република Македонија, Република Бугарија, Република Албанија и Република Романија)  за креирање заедничка акција во градењето партнерство меѓу министерствата за образование и невладините организации. Реализацијата на оваа програма треба допрва да престои, а нејзин координатор е д-р Татјана Дронзина, професор по политички науки на софискиот универзитет.

Постои тенденција (посебно во Хрватска и во Бугарија) граѓанското образование да се воведе како предмет и во високото образование, а ова би придонело младите кои немале можност да се запознаат со содржината на граѓанското образование, тоа да им се овозможи на факултет.

Со оваа материја ние преку образованието ги подготвуваме идните граѓани да станат демократи, но што со граѓаните кои израснале во поинаков систем со поинакви вредности и кои тешко го сфаќаат демократскиот концепт? Ова создава ситуација во транзициските земји којашто Фукујама ја нарекува демократија без демократи. За да се премости ова што побргу, свој придонес може да даде цивилниот сектор со организирање тренинзи за возрасни во областа на граѓанското образование. Со ова, сакам да упатам на поекстензивното сфаќање на клучниот поим во овој текст - граѓанското образование, а тоа подразбира негово адаптирање за различни категории луѓе и реализација како во рамките на работните организации, така и во рамките на месните заедници, здруженијата, партиите или преку медиумите.

 

Граѓанското образование и Република Македонија

Граѓанското образование во Република Македонија е воведено пред неколку години во рамките на средното и основното образование во форма како што претходно е наведена. За реализацијата на наставата подготвен е учебник кој ги задоволува сите критериуми за квалитет на едно наставно помагало. Исто така, разработена е наставна програма што одговара предметот да ја постигне целта. Но сепак, ова не кажува ништо за квалитетот на наставата по граѓанско образование. Методите и техниките кои се применуваат не се соодветни за успешна реализација.  Не може со класичен метод да се предава демократија која подразбира активна вклученост на учениците преку изнесување на свои ставови. Целта не е да се добијат само голи факти, туку да се добијат и вештини. Не може да се научи ученикот на почитување на туѓото мислење доколку професорот не му овозможи да си го каже своето мислење и да слушне некое друго, поразлично од неговото. Самата атмосфера во текот на наставата мора да биде строго демократска. Релацијата наставник - ученик мора постојано да се оценува за да се обезбеди  минимум услов за реализација на наставата. Но вакво оценување е тешко остварливо затоа што учениците не се консултираат да даваат оценки за своите наставници. Дали е ова во духот на демократијата, што е всушност и основна категорија на овој предмет? Самата поставеност на клупите во училницата мора да биде таква за да се гледаат учениците меѓу себе и за да дискутираат. Секоја наставна единица бара посебен приод и креативност, а не монотонија. Мора повеќе да бидат застапени симулациските вежби, играњето улоги, студиите на случај и посетата на институции.

Современиот пристап во граѓанското образование не бара само табла и креда. Мора да се уредат посебни кабинети коишто би располагале со мултиме­дијална опрема  Но ова е скапа инвестиција и би можела да се оствари доколку училиштата ги отворат своите врати за невладините организации, затоа што само на тој начин би биле привлечни кај донаторите.

За ефикасна реализација на наставата неопходно е да има соодветно едуциран наставен кадар. Не станува збор само затоа што поголемиот број од нив имаат студирано во поинаков систем, туку и затоа што немаат соодветна стручна подготовка. Поточно, социолозите, кои се предвидени за наставен кадар, во текот на своите студии многу малку изучуваат содржини кои се опфатени во граѓанското образование. Странското искуство покажува дека кај стручен кадар за реализација на наставата се политиколозите. Навистина, во РМ тие не се многубројни, но со текот на времето ќе се добие потребниот кадар и тоа треба да биде стратешка определба на креаторите на образовната политика.

Многу е тешко да се процени колку граѓанското образование ја постигнало својата цел, бидејќи таа е многу долгорочна, а тоа е подигнувањето на демократската политичка култура меѓу граѓаните.  Неговата поконкретна цел е добивање определени информации во веќе споменатата област, но овде  ефективноста не може да се оцени бидејќи е неодамна воведено како предмет.

Значи, можеме да даваме оценка само на ефикасноста (како се реализира наставата), но не и за ефективноста (колку е постигната самата цел). За тоа ќе може да се даде оценка дури тогаш кога сегашните ученици ќе завршат и ќе се соочат со примена на наученото во пракса.

 

Тенденции и препораки:

 

  • Донесувачите на политичките одлуки во сферата на образованието треба да изградат стратегија за изучување на граѓанското образование и во високото образование;
  • Градење посоодветни механизми за континуирана евалуација на граѓанското образование (креирање параметри, стандарди, лица за евалуирање и модели за транспарентност на успехот на учениците);
  • Градење мрежа меѓу невладините организации и медиумите за промоција на содржините на граѓанското образование и меѓу возрасните;
  • Отворање на училиштата за цивилниот сектор и обратно.

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA