среда, 05 јуни 2013

english version

Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт

ПЕЧАТЕНО ИЗДАНИЕ
Последно издание
Нарачка преку e-mail
Контакт
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 1

   

Транспарентност и одговорност во граѓанскиот сектор

 

Жанета Ќосе

Копенхашките критериуми и граѓанскиот сектор: Јасна и одговорна демократија за европските граѓани

 

  • Копенхашките критериуми за членство во Европската Унија се мерки за достигнувањата на одредени стандарди во демократијата, владеењето на правото, човековите и малцински права и градењето стабилни институции
  • Со транспарентно и одговорно работење јакне довербата на граѓаните во јавната власт, општеството станува постабилно и се поттикнуваат развојните процеси 
  • Клучна улога во развојот на граѓанската свест за важноста на граѓанинот за општеството, за прогресот и за неговата демократизација, за правата и должностите, односно за одговорност за сопствените активности, има граѓанскиот, популарно наречен трет сектор
  • Граѓанскиот сектор би требало да се обврзе за спро­ведување  активна комуникација, со цел јавноста да има пристап до која и да е информација којашто се смета за корисна во транспарентно демократско општество

Наместо вовед 

„Граѓанското општество, преку НВО, се чини дека е поактивно инволвирано во реформските процеси во општеството, особено во смисла на градењето демократија, промоција на плурализмот, унапредувањето на правдата и борбата против сиромаштијата. Во сй поголема мерка, НВО имаат платформи во кои ги изразуваат своите гледишта, а се воведуваат и структури за координација за да им овозможат да играат целосна улога во социјалните и политичките процеси. И во текот на кризата и за време на парламентарните избори, тие беа мошне ефективни. Сепак, финансирањето на НВО е сe уште кревко, а законодавната рамка би требало да го унапреди нивниот развој“. Ова е оценката на Европската комисија за состојбата во граѓанскиот сектор во Македонија за минатата година.

Примарна улога на цивилниот сектор е да врши постојан притисок врз власта за остварување на интересите на граѓаните. И тоа да го прави што потранспарентно и поодговорно, а власта да работи јасно, јавно и одговорно. Одговорноста впрочем е противтежа на правата, зашто нема права без одговорност. Затоа и задачите на власта и на граѓанскиот сектор се испреплетени. Овој сектор е одговорен за обезбедување помош за граѓаните во формирањето соодветни погледи и на критичко мислење за состојбата на општеството во коешто живеат, но и за тие на коишто им ја довериле власта. Од суштинско значење е да се сфати дека граѓанското општество го охрабрува информираното учество на јавноста за прашања од заеднички интерес на граѓаните, се залага и за ефикасна и ефективна власт, особено на јавната администрација. Цивилниот сектор преку надзор и со постојан притисок може да помогне да се избегне ризикот од корупција на администрацијата и придонесува за афирмирање на нејзината легитимност како јавен сервис. Со транспарентно и одговорно работење јакне довербата на граѓаните во јавната власт, со што општеството станува постабилно и се поттикнуваат развојните процеси во него.

 
Европски критериуми и меѓународни документи

Копенхашките критериуми за членство во Европската Унија се мерки за достигнувањата на одредени стандарди во демократијата, владеењето на правото, човековите и малцинските права и градењето стабилни институции. Овие критериуми, што се дел од политичките критериуми за интегрирање во европското семејство, се услов за изградба на обединета Европа како граѓанско општество и на унапредување на правата на секој европски граѓанин. Агендата 2000 ги зацртува напорите што треба да се вложат за демократизација на општествата во наредниот период, особено во земјите во развој, кандидатки за членство или со асоцијативен договор како Република Македонија. Критериумите од Копенхаген најбрзо и најефикасно може да се остварат преку една од четирите слободи, слободата на движење на идеи и преку нивна слободна размена. Во согласност со принципот на еднаквост, демократските општества на сите граѓани им нудат еднакви можности за развој и за унапредување на животните услови. Клучна улога во развојот на граѓанската свест за важноста на граѓанинот за општеството, за прогресот и за неговата демократизација, за правата и должностите, односно за одговорноста за сопствените активности, има граѓанскиот, популарно наречен трет сектор.

Едно граѓански организирано општество се стреми да постигне што поголемо единство на членовите на невладините организации, особено поради обезбедување и реализација на идеалите и на принципите што се нивно заедничко наследство. Членот 19 на Универзалната декларација за човекови права, членовите 6, 8 и 10 на Европската конвенција за човекови права и основни слободи, Конвенцијата на ОН за пристап до информациите, јавното учество во донесување на одлуките и за пристап до судски прашања и прашања на опкружувањето (усвоено во Архус, Данска, на 25 јуни 1998 година) и Конвенцијата за заштита на поединците со осврт на Автоматската обработка на личните податоци од 28 јануари 1981 година (ЕТС бр. 108), Декларацијата за слобода на изразувањето и информирањето, усвоена на 29 април 1982 г., како и Препораката бр.Р(81)19 за пристап до информациите на јавните власти, Препораката бр.Р(91)10 за соопштување на личните податоци на јавните органи за малцинските партии, Препораката бр. Р(97)18 и Препораката бр.Р(2000)13, Европската полиса за пристап на архивите... се само мал дел од тоа наследство. Тоа се инструменти во коишто се содржани основните насоки за транспарентност и одговорност во работата на владините, но и на сите институции што треба да се залагаат за остварување на граѓанските интереси. 

Имајќи ја предвид важноста на плурализмот, на демократското општество, транспарентноста на јавната администрација и на цивилното општество, на расположливоста на информациите по прашањата од јавен интерес, пристапот до официјалните докуметни и документите на граѓанските асоцијации и на невладиниот сектор, врз база на еднаквост и во согласност со јасните правила, треба да се вложат најголеми напори на јавноста да & се осигура пристап до информациите за заштита на основните права и слободи и на легитимните интереси. Основните принципи ги сочинуваат минималните стандарди и треба да се прифаќаат без никакви предрасуди во однос на домашните закони и прописи. Граѓанскиот сектор би требало да се обврзе за спроведување активна комуникација, со цел јавноста да има пристап до која и да е информација којашто се смета за корисна во транспарентно демократско општество.

 
Демократска  меѓузависност

Еволутивниот процес на развојот на правата на човекот се движи од природни и универзални, дадени со самото човеково постоење, или стекнати, како индивидуални и како групни права. Во теоријата, човековите права се категоризираат на неколку начини, како природни, граѓански и политички, економски и социјални, културни и солидарни и еколошки права, односно како права од три или од четири генерации, кои на човекот му припаѓаат и кои што ги остварува како поединец или во заедница со другите од групата.

Правото на слобода на изразувањето е обезбедено со членот 10 од Европската конвенција за човекови права. Европската комисија и Судот за човековите права се произнесоа дека “слободата на изразувањето претставува еден од есенцијалните темели на демократското општество, еден од основните услови за неговиот прогрес и за самоисполнување на секоја индивидуа, слободата на изразувањето дава можност за учество во јавната размена на културните, политичките и општествените информации и идеи од секаков вид, а слободата на печатот & дава на јавноста едно од средствата за откривање и формирање мислење за идеите и ставовите на политичките лидери”.

За да се разбере функционирањето на граѓанското општество, а  со тоа и на улогата на граѓанскиот сектор во него, најпрво треба да се разбере поимот демократија. Во основа тоа е претставата и практикувањето на граѓанството. “Створи граѓани”, рекол Жан Жак Русо, “и ќе имаш с$ што е потребно, без нив, немаш ништо освен безвредни робови”. Трите основни димензии на граѓанството се извршувањето на граѓанските, политичките и општествените права. Не е можно целосно да се уживаат сите овие права доколку не се живее во демократски систем, вели Маршал. Институции кои се чувари на остварувањето на овие права се независното судство, политичките партии и слободниот печат, со поддршка во либерализиран економски систем. Или, на една страна е државата, а на друга граѓаните, со своја улога во демократскиот систем. Цивилно општество се формите на само­орга­низираност на граѓаните, што не се под контрола на државата.

Слободата на изразувањето и слободата на печатот се неизоставни елементи на демократијата. Конечната одговорност на јавноста е да одлучи како ќе живее, но за тоа треба и мора да е целосно информирана. Токму затоа заемната зависност на граѓанскиот сектор и медиумите е неопходен услов за изградба на цивилното општество. Тие не смеат да дозволат да паднат под влијание на власта и да им помагаат на граѓаните, барајќи целосна транспарентност и одговорност за владините активности.

Цивилниот сектор не може да ја преземе улогата на политичките партии и затоа одговорноста и на опозицијата е мошне голема, таа треба да изнајде начин и на избори да излегува обединета. Истовремено, на единствената опозициска изборна листа мора и треба да се најдат и најугледните претставници на невладините организации и на синдикатите, како и поединци со морален и стручен интегритет. Заедничкото дејствување на цивилниот сектор и на демократските политички партии е основен предуслов за вистинска демократизација на државата, во која центрите на моќ мораат да станат што подостапни за граѓаните. Во тоа можеби пресудно значење има воведувањето на европскиот модел на локална самоуправа.


Чувари на демократијата

Во цивилното општество има демократски чувари, коишто го следат патот на информациите до граѓаните и да нудат помош за следење на граѓанскиот правец и во формирање на јавното мислење. Тоа ја насочува јавноста кон решавање на проблемите во граѓанското општетство. Граѓанските асоцијации или организации одбиваат да бидат контролирани од власта, тие се дел од системот на јавна контрола.  Тие се ставаат под контрола на граѓанскиот систем и надзорот на јавноста врз нивните активности тие го прифаќаат како обврска. Одговорноста на невладините активисти е пресудна за стекнување на довербата на граѓанинот. Без доверба кон нив, нема ни доверба во активностите на невладиниот сектор, ни во извршувањето на нивната примарна задача - перманентен притисок врз власта. Граѓанските организации се еден од факторите за креирање или сочувување на квалитетот на современата демократија на европскиот континент, како создавачи и чувари на различните европски културни наследства. “Европската цивилизација е вистински глобална цивилизација, но едновремено се одликува со забрзана желба нејзините различни култури или сфери да зачуваат нешто од автентичната индивидуалност”, рекол Вацлав Хавел. 

Организациите на граѓанското општество може да овозможат да се слушне гласот на заинтересираните страни, а особено на сиромашната и маргинализирана популација, со што ќе помогнат да се осигура дека нивните ставови ќе се земат предвид во донесување на одлуките за владините политики и програмите. Тие може да го зголемат и да го избалансираат дејството врз развојните програми со понуда на знаење за локалната заедница, со утврдување можни ризици, со давање целна помош и со приближување на локалната заедница. НВО може да донесат иновативни идеи и решенија за предизвиците на развојот и на локално и на глобално ниво, да осигураат стручни знаења и да ги зголемат капацитетите за ефективно нудење услуги, посебно во опкружување со ниски капацитети на јавниот сектор или во повоени ситуации, и да ја подобрат јавната транспарентност и одговорност на развојните активности, и така да придонесат за средина поповолна за добро управување.

Ангажирањето на граѓаните е процес со којшто организациите на цивилното општество активно се ангажираат во поврзување и активности со државата и со други носители на развојот поради решавање прашања од јавно значење. Активностите би требало да го поттикнуваат дијалогот и ширењето инфор­мации,  да го зајакнат партнерството со главните учесници за да помогне во развојниот процес. Главните учесници би можеле да ги вклучат владините агенции, организациите на цивилното општество, мулти­латерал­ните и билатералните агенции, фондови и приватниот сектор.

 
Соседни искуства

Како Европската Унија ги оценува промените во изградбата на граѓанското општество во државите во развој од нашето непосредно соседство и во југоисточноевропскиот регион? Хрватскиот јавен сектор с$ уште се наоѓа на патот на транзиција кон јавен сектор компатибилен на пазарното стопанство, а натамошни напори треба да се вложат во зголемување на неговата транспарентност. Приближувањето до Европа и натамошната демо­кратизација на општеството уште повеќе ја нагласуваат потребата за јакнење на овие процеси. Спротивно на тоа, нетранспарентното фискално управување делува дестабилизирачки, создава неефикасност и шири нееднаквост. Управувањето со јавниот сектор е од централна важност за постигнување макроекономска стабилност и високи стапки на економски раст, а транспарентноста е еден од клучните елементи за управување со тој сектор. Транспарентноста на јавниот сектор значи отвореност кон јавноста, особено кон структурите и функционирање на државата, на мерките на фискалната политика, на сметките на јавниот сектор и фискалните проекции. Се очекува да се зголеми транспарентноста, што е од клучна важност за развојот на јавниот сектор. Фискалната транспарентност ја зголемува одговорноста на политичките структури во управувањето со јавниот сектор и го зголемува ризикот на којшто се изложуваат политичарите ако спроведуваат неодржлива фискална политика. Од  друга страна, на тој начин добро информираната јавност учествува во зголемување на кредибилитетот на државата и нејзините институции.

Цивилниот сектор во Србија добива сe повеќе симпатизери. Тоа може да има значајни политички ефекти доколку неговите актери ги координираат акциите и социјалниот маркетинг, ги проценуваат аналитичарите и самите невладини организации. Едукацијата и точното информирање на граѓаните се пресудни за да бидат тие во состојба да ја препознаваат најоптималната програмска опција и да ја преземат улогата на иницијатор и контролор на демократските процеси.

Во Бугарија постои натамошен прогрес во реформите на јавната администрација со ревизии на законодавната рамка и со усвојување на Стратегијата за модернизација на државната администрација, но потребни се сериозни напори за развој и имплементација на реформите за да се осигура ефикасна,транспарентна и прилагодлива јавна администрација. Бугарија значително ја подобрила законската рамка за сузбивање на шверцот, корупцијата и организираниот криминал и политиката за азил. Сепак, постојат многу области кои загрижуваат и натаму. Идентификуван е нов проблем, многу сиромашни животни услови  за луѓето што се сместени во институциите, особено за ментално хендикепираните, што бара ургентно решение и притисок на цивилниот сектор. Бугарија исто така треба да ги зајакне напорите за реформа на системот за детска заштита. Треба да се решат проблемите и со скромните и сиромашни услови во притворските институции и во полициските станици. Промените во кривичниот законик се важен чекор за отстранување на дискриминацијата за половата ориентација, а малку е направено и околу отстранување на општествената дискриминација кон ромската заедница, или за преземање конкретни акции за подобрување на нивните многу бедни животни услови. Важен чекор за прогрес во тој поглед би било усвојувањето современа антидискриминаторска легислатива.


Искуства од ЈИЕ или Западен Балкан

Во Унгарија реформите на јавната администрација на централно ниво се завршени подоцна од предвидениот рок. Законот за јавни служби од 2001 година, делумно изменет во 2002 година, е важен чекор напред во усогласување и консолидација на законската рамка. Унгарската влада продолжи со усвојување серија законски и практични мерки за борба против загрижувачката корупција во согласност со антикорупциската стратегија. Важно е дека новите одлуки за подобро решавање на ситуацијата се имплементираат брзо. Јавните служби, медиумите и политичките партии се повторно целосно застапени во телата за супервизија на довербата. Нови чекори се преземени и за подобрување на општествениот живот. За да се подобри тешката ситуација на Ромите, со исто темпо продолжува имплементацијата на среднорочната програма, донесена во 1997 година. Институционалната рамка и натаму е зајакната и е воведен нов систем на мониторинг. Сепак, политиката за Ромите во однос на општите општествени развојни стратегии постои како одделен и паралелен проект. Ромите и натаму се дискриминирани. Потребно е усвојување современа долгорочна стратегија и антидискриминаторска легислатива.

Во Романија спроведувањето на главната програма за административни реформи е важен развој и сигурна успешна имплементација на реформите, што треба да бидат приоритет. Значителен прогрес е направен со одлуката за демилитаризација на полицијата. Нови институционални структури се создадени за борба против корупцијата, што е причина за многу сериозна загриженост, но тие мораат да имаат влијание. Направен е значителен прогрес за детската заштита, редуцирајќи го бројот на децата во институциите за грижа и заштита и подобрување на актуелните животни услови. Направен е прогрес во промовирање еднакви можности меѓу мажите и жените, со развој на структурите за спречување на трговијата со луѓе и со воспоставување институционална рамка за борба против дискриминацијата. Позитивен развој има и во поглед на третманот на малцинствата. Легислативата што обезбедува официјално користење на малцинските јазици е имплементирана релативно мирно. Важни чекори се преземени за имплементација на националната стратегија за подобрување на условите за Ромите, со цел за ефективно искоренување на дискриминацијата и подобрување на животните услови, за што ќе бидат неопходни дополнителни финансиски ресурси.

И во Словенија е направен значаен прогрес во реформите, усвоен е закон за јавни служби, јавни агенции и државна администрација. Со усвојување на овој закон, законската рамка за реформи на јавната администрација сега е усогласена со европската легислатива. Наредна важна задача е тоа целосно да се имплементира во практиката. Реформите на судскиот систем продолжуваат низ законски измени и со усвојување на мерки,  но мора да се сфати дека постои потреба од натамошно подобрување.

Одлуката за кандидатски статус, донесена во Хелсинки во 1999 година, ја охрабри Турција да воведе серија фундаментални реформи. Главните уставни реформи се воведени во октомври 2001 година, а беа насочени кон јакнење на гаранциите за човекови права и слободи и кон рестрикции на  казнената политика. Новиот кривичен закон е усвоен во 2001 година, а други три реформски пакети се усвоени минатата година. Смртната казна во мирновременски услови е укината. Вонредна состојба е укината во две провинции на југоисток од државата. Усвојувањето на овие реформи е важен сигнал за определбата на поголем дел од турските политички лидери за натамошни усогласувања со вредностите и стандардите на ЕУ. Августовскиот пакет од 2002 година укина некои рестрикции во законот за информирање. Меѓутоа, и натаму се водат судски процеси  против  писатели, новинари  и изадавачи. Направен е прогрес и во областа на слободата на здружување, изменет е Законот за граѓански здруженија при што се укинати некои од ограничувањата. Сепак, останаа разни основи за забрана на здружувањето. И странските здруженија во Турција се објект на одредени ограничувања и строги контроли. Новиот граѓански закон вклучи одредби за унапредување на еднаквоста меѓу половите и за јакнење на гаранциите за заштита на правата на децата. Турција ја ратификува Конвенцијата на ОН од 1969 година за елиминација на сите форми на расна дискриминација, но детскиот труд и натаму се злоупотребува. Во легислативата останале поблаги казни за кривични дела поврзани со убиства поради честа, што како с$ уште да се толерира. Третото важно прашање за политичките критериуми останува да се реши во иднина. Тоа е борбата против тортурата и малтретирањето, цивилна контрола на војската, правата на заробениците на совеста, области што не се во согласност со одлуките на Европскиот суд за човекови права.

Со инсистирање на транспарентност и одговорност во работата на владините институции, преку притисок во јавноста, а истовремено и во сопственото работење, граѓанскиот сектор има задача да дејствува врз забрзување на демократизацијата на општеството, човековите и малцинските права, во јакнење на институциите на системот, за слободната размена на идеи во регионот. Со регионална соработка, државите од Западен Балкан, меѓу кои и Република Македонија, побрзо и успешно ќе се интегрираат во семејството на европските нации. 

 
Промоција на НВО преку мрежата на интернет

Еден од најефикасните начини, којшто во западните земји е многу присутен, а кај нас сe уште недоволно познат и искористен, е презентацијата на невладините организации преку интернет. Со нудење конкретни информации за своите програмски цели и акции и со објаснување што може да промени таквиот ангажман во животот на граѓаните, невладините организации би добиле многу голем број активни следбеници.

Промоцијата на третиот сектор преку интернет би можело да ја измени сликата кај оној дел на граѓаните кои работата на невладините организации ја врзуваат исклучиво за зависност од странски фондации и прашањето на финансиска корист. Со заеднички настап на интернет, кој подразбира добар концепт и адекватна техничка реализација, третиот сектор би го зголемил интересот на медиумите за нивната работа, но и на меѓународните организации и институции кои би биле подготвени да ги поддржат во реализацијата на нивните програми. Со статистичкото следење на посетителите на страницата, би добиле многу попрецизна слика за нивниот рејтинг во јавноста.


Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA