|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
МИМ и МЦМС
Конкурс за здруженија на граѓани Македонскиот институт за медиуми и Македонскиот центар за меѓународна соработка организираат две работилници и една јавна дебата на тема „Воспоставување врски и корелации меѓу НВО-и и медиумите“ наменети за здруженијата на граѓани во Македонија. Рокот за пријавување е до 21.10.2002г. 15.10.2002
Работилниците ќе траат по два дена и ќе се обработуваат следниве теми: совладување на техниките, методите и моделите за пристап до медиумите (соопштенија за јавност, прес конференции, редовни контакти-брифинзи), како се даваат изјави и како се прави добро интервју, одржување на врски со медиумите, лобирање и покренување кампањи.
Работилниците се наменети за членовите на раководствата на здруженијата на граѓани а предност имаат членовите чие задолжение е односи со јавност или комуникација со медиумите.
Првата работилница ќе се одржи на 2 и 3 ноември, на која ќе учествуваат претставници на здруженија на граѓани од Скопје и околината, додека втората работилница ќе се одржи на 9 и 10 ноември на која ќе учествуваат претставници од здруженија на граѓани од внатрешноста на Македонија.
Работилниците ќе се одржуваат во просториите на Македонскиот институт за медиуми (МИМ).
Јавната дебата, ќе се одржи на 11 ноември, на која ќе бидат поканети да присуствуваат учесниците од двете работилници и новинари кои известуваат за настани од невладиниот сектор. На дебатата ќе се разговара за односите меѓу НВО-и и медиумите, сегашната соработка како и недостатоците и проблемите кои се јавуваат во нивната секојдневна комуникација.
Трошоците за обуките ги покрива Македонскиот центар за меѓународна соработка.
Учесниците треба да платат партиципација во износ од 780 денари и сами ги сносат патните трошоци.
Обрасците за пријавување можат да се подигнат во просториите на Македонскиот институт за медиуми, или да се добијат по електронска пошта, секој работен ден од 10-16 часот.
Избраните учесници ќе бидат известени по телефон.
Македонски институт за медиуми Порта Буњаковец А2/1 Скопје Тел:02 298 466; email: antiva@mim.org.mk Лице за контакт: Антоанета Иванова
Формулари
Профил на НВО (66KB) Пријава за учесници од Скопје (75KB) Пријава за учесници вон Скопје (76KB)
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
| |
Кампањата “Учиме за ЕУ” Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. | |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. | |
Катерина Хаџи-Мицева Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот | |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка | |
Донација Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило | |
Проект на Биосфера од Битола Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола | |
|
|