Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Настани

   

ШКОЛА ЗА ДЕМОКРАТИЈА

ДЕМОКРАТИЈА? Никако без МЕНЕ!

Проектот “Школа за демократија”, во реализација на Институтот за демократија, солидарност и цивилно општество и Фондацијата Институт отворено општество - Македонија, навлезе во својата трета фаза. Во оваа фаза се вклучени околу 1.200 претходно обучени лица - индивидуалци и НВО активисти кои интератктивно ќе работат со граѓаните.

Проектот започна да се спроведува минатата година, а оваа, третата фаза, е последна и опфаќа јавна кампања. Едукацијата за демократијата ќе биде спроведена со помош на “тетратките за демократија” чија цел е да се демистифицираат и објаснат одредени поими поврзани со демократските процеси. Во текот на март беа одржани повеќе обуки, дијалози и средби со граѓаните низ целата држава.
- Во последните десет годни доста зборувавме за демократијата и констатиравме дека сите различно ја разбираат. Кои се институциите на демократијата? Таа им припаѓа на граѓаните. Таа треба да биде дел од граѓанската свест, а без неа нема граѓанско општество. Демократијата подразбира процес каде треба да биде вклучено мнозинството”, рече меѓу другото г. Владимир Милчин, извршен директор на ФИООМ, на прес-конференцијата на која се претстави третата фаза на проектот, што се одржа на седми март годинава во Скопје.
Во рамките на проектот ќе се одржат 60 работилници во 36 населени места во цела Македонија, на кои треба да се поттикнат дискусии за демократската односно недемократската средина во којашто живееме, а преку нив да се зголеми општата свест за тоа што можат граѓаните да сторат за да ги подобрат своите животи и да создадат демократско општество.
Кампањата ќе биде спроведена од 1 март до 30 април оваа година. Во реализацијата на проектот се вклучени преку 150 активисти од невладини организации. Во рамките на проектот ќе бидат отпечатени 10 „тетратки по демократија”, во 70.000 примероци на седум јазици.
Инаку, овој проект е финансиски поддржан од Британската амбасада, ДФИД и ФИООМ, а во него се вклучени повеќе експерти, професори и научни работници. Сите информации во врска со овој проект можат да се добијат и на веб-страницата www.demokratija.org.mk.

М.И. - Г.Ш.

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Број 25 Март 2003
Настани
Коментар
Писма од читателите
Тема
Интервју
Публикации
Погледи
Концепти
Појмовник
Q&A
Форум
Претставување
Донатори
Избор
Календар
 

©MCMS - designed by KOMA