ВОВЕД
Да се стремиме кон убавиот живот
За жал, влеговме во шестиот месец на немирниот живот, живот исполнет со стравови, стресови, раселувања, страдања и - неочекувани пресвртници. Страдаме сите, но треба да се признае дека најмногу страдат раселените лица, кои, под присила беа приморани да го напуштат огништето, и да си најдат било какво засолниште. Некои тоа го најдоа кај роднина и пријател, некој кај познаник, а повеќето од нив во прифатилишта, внатре или надвор од земјата. За нивна среќа некој од воените жаришта згаснаа, па ќе се сосдават услови за нивно враќање. Целата наша заедница прави напори на тие луѓе им излезе во пресрет, но со гордост треба да се спемне фактот дека невладините и хуманитарните организации, дадоа драгоцен придонес за ублажување на големи потреби од храна, санитарен и друг медицински материјал, не само за раселените лица, но и за тие који беа затекнати во кризните подрачја и кои од повеќе причини неможеа да се извлечат. Нашето списание, кое секој ден станува си поприфатено, почитано и побарано, и на кое консументите му веруваат си повеќе, пишуваше за значајната мисија на овие организации. И во овој број пишуваме за некои од многубројните акции. Како и досега, и во иднина „Граѓански свет„ ќе даде свој скромен придонес, за да ги афирмира заложбите на сите тие, биле организации, институции, влади или поединци, који се заложуваат за подобар живот на сите нас, а во прв ред на напатените. Нашиот граѓанин го заслужува подобриот живот, па затоа треба сите да се стремиме кон него. Патот е долг и трнлив, но сите треба да направиме заеднички напори, за да стигнеме до посаканата цел. Во овој број на списанието донесуваме повеќе теми, који што зборуваат за ова цел, за подобриот наш денешен и утрешен ден. Тие фрлаат светло на некои од нашите секојдневни, но уште нерешени прашања, како што се афирмацијата на концептот за граѓанското општество, проблемите сврзани за еманципација на Ромите, донациите за поттикнување на афирмацијата на културните вредности, за заштитата на животната средина итн. Објавуваме и информација за можниста за цивилно служење на воениотрок, што претставува ново граѓанско право кај нас. Нудиме интервју со новиот претседател на една од најголемите чадор – организации кај нас, како и за проблемот со новите регулативи за даночно работење на здруженијата на граѓани, кои ја отежнуваат нашата работа. И во овој број имаме многу информации за публикациите – списанијата, веб страниците, брошурите, кои ги издаваат здруженијата на граѓани, за кои се надеваме дека ќе го привлечат вашето внимание. Очигледно, граѓанскиот сектор си повеќе дава придонес во издаваштвото со квалитетни прилози. Овој месец, рубриката „Календар„ е нешто попразна, што е разбирливо со оглед на летниот период. Се надеваме дека од септември, здруженијата на граѓани ќе почнат со позасилени акривности – семинари, средби, тркалезни маси... Во овој број, во „Форум„ ви го поставуваме прашањето: „Дали можеме да се самофинансираме?„ Дали граѓанските здруженија размислуваат да создадат сопствени извори на средства за работа, да се ослободат од зависноста на донаторите и спонзорите? Дали го имаме тој капацитет, иницијативноста и храброста? Ова прашање ќе биде поставено во текот на целиот август на нашите веб страници: www.graganskisvet.org.mk и www.civicworld.org.mk. Ги очекуваме вашите мислења по однос на оваа тема. И на крајот да се надеваме дека во блиска иднина во страниците на весникот да најдеме повеќе теми који ќе зборуваат за успесите на нашите трудбеници во хуманитарното поле, и повеќе весели и ведри теми од нашиот живот и средината што не опкружува. Грамоз Шабани
|