Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Тема

   

Високото образование на лицата со хендикеп

“ДА ГИ НАДМИНЕМЕ СОПСТВЕНИТЕ БАРИЕРИ”

“Покрај големиот број поразителни бројки и факти се појавуваат и охрабрувачки показатели за подобрување или надминување на бариерите со кои се соочуват студентите со хендикеп во високообразовниот процес”, рече Даниела Стојановска

“ Студентите со хендикеп во Македонија не се еднакви во образованието” истакнаа претставниците на Здружението на студенти­те со посебни образовни потреби на нивната прес-конференција. Тешкотиите со коишто се соочуваат се многубројни: физичката недостапност на училниците, тоалетите, рестораните и домови­те; недостатокот на програма за персонална асистенција како поддршка на процесот на инклузивно образование; не­дос­та­токот на наставни средства во алтернативна форма како што се книги на Браево писмо или книги печатени во зголемен фор­­мат, книги во аудиоформа, компјутер­ски програми за лицата со визуелна по­преч­еност потоа, недостаток на органи­зи­ран транспорт за лицата корисници на ин­­валидски колички; недостатокот од пре­ведувачи на гестовен јазик; недостатокот на признавање некои типови ош­те­ту­вање, како проблемот при учењето (дис­лек­сија) и изолацијата на студентите со хен­дикеп во специјални домови.

“Замислете еден млад човек со физички хендикеп, закован за својата инвалидска количка кој сака да се запише на Архитектонскиот факултет во Скопје. Тој стои пред чудото од скали и се обидува да смис­ли како да ја оствари својата желба,” рече на прес-конференцијата Сузана Најдовска, координатор на проектот “Промоција на инклузивно високо образо­ва­ние”. “Замислете ги сите хендикепира­ни млади луѓе кои сакаат да студираат, а жи­веат во другите градови во Македонија. Овде тие треба да побараат сместување во студентски дом во којшто ќе се соочат со истите бариери. Ние не сакаме да бидеме патетични, сакаме да ја соочиме јавноста со реалноста, да ја соочиме со фактите”, рече таа.
 

Истражување

А фактите се дел од истражувањето што го спровеле ова здру­же­ние заедно со нивните колеги од Молдавија и од Србија и Црна Гора го спровеле. Резултатите беа презентирани на прес-конфе­ренцијата.

“Целта на истражувањето беше да се добие јасна слика за условите, можностите и околностите коишто се присутни во текот на ви­сокообразовниот процес на младите луѓе со хендикеп”, истакна Даниела Стојановска, претседателка на здружението. “По­крај големиот број поразителни бројки и факти, се појавуваат и ох­ра­бру­вачки показатели за подобрување или надминување на ба­ри­е­рите со коишто се соочуват студентите со хендикеп во високообразовниот процес”, додаде таа.

Во истражувањето биле вклучени 29 студенти со хендикеп, или ка­ко што рече Стојановска, половината од вкупниот број студен­ти со хендикеп кои студираат на Универзитетот “Св. Кирил и Ме­то­диј” во Скопје и на Универзитетот “Св. Климент Охридки” во Би­­тола. Од нив, 15 со телесен хендикеп, 7 со оштетување на видот, 3 со оштетување на слухот и 4 хронично болни. Бројот на де­војки­те е нешто поголем. Анкетните ливчиња ги пополниле 16 девојки и 13 момчиња.

Во поглед на физичката достапност на факултетите, за 9 од ис­пи­та­ниците влезовите се целосно непристапни, за исто толку се де­лумно пристапни и за 11 студенти тие се комплетно при­стап­ни­.

Студентските домови се посебна приказна. Во времето кога се спроведувало истражувањето, четири студенти живееле во студентските домови. Еден од нив бил со телесен хендикеп, а три студенти со проблеми со слухот. За 9-мина испитаници студентските домови се целосно непристапни, за три се делумно пристапни, а за исто толкав број се целосно пристапни.  

Истражувањето ја провери и пристапноста на професорите. Ду­ри 20 од испитаните студенти одговориле дека мал број професо­ри се подготвени да помогнат, а 16 рекле дека професорите се под­готвени да им помогнат на студентите со хендикеп во текот на предавањата.
 

Како да ги надминеме бариерите

Претставниците на Здружението на студентите со посебни образовни потреби од прес-конференцијата порачаа дека ќе се залагаат и ќе бараат од институциите и од граѓаните да се заложат за надминување на бариерите од секој вид. Тие побараа подобрување на физичката пристапност, обезбедување транспорт за лицата (студентите) со телесен хендикеп, обезбедување персо­нал­ни асистенти, обезбедување адекватна опрема за студентите со оштетен вид и промена на Законот за високото образо­ва­ние.

“Сегашниот Закон за високо образование вели дека овие студенти можат да ги користат сите погодности коишто се дефинира­ни во статутите на секој од факултетите. Анализирајќи ги ста­ту­тите, сфативме дека такви погодности нема, тие не се дефинирани на факул­тетите”, вели Даниела Стојановска. “Затоа ќе се за­лагаме да се променат овие недоречености и празнини во Законот”, додаде таа.

Здружението подготви Повелба за поддршка на мрежа на студен­ти и младинци од југоисточна Европа. Потписниците на Повелбата ќе ја поддржат мрежата во нејзините напори да создаде услови во коишто хендикепираните студенти и младинци ќе бидат рамноправни во образованието. Повелбата ја потпиша и Азис положани, Министер за образование.

 

Сузана Најдовска, Координаторка на проектот „Промоција на инклузивно високо образование”
Да се преадаптираат студентските домови


Со оглед на фактот дека дел од студентите со хендикеп се од внатрешноста на Македонија, се јави потреба од согледување на реалната состојба на студентските домови во градот Скопје. А реалната состојба е хаотична и катастрофална. Изнајмувањето оди по пат на поткуп и врски, а истите потоа се препродаваат и на тој начин се профитира. Условите што ги нудат во смис­­ла на соби, на заеднички тоалети или пак на студент­ски­те кујни се на најниско можно ниво. Оваа состојба по­ка­жува на фактот дека за студентите со хендикеп е неопходно да се преадаптира дел од просторот од Студентскиот дом „Гоце Делчев”. Под преадаптација на дел од просторот се под­разбира: комплетно адаптирани шест соби со минимум два тоалета (одбележани врати со Браеви ознаки, осветлување од 500 херци за студентите со оштетен вид, висината на предметите да биде во согласност со висината на инвалидска количка), адаптиран дел од менза и дел од читална, адаптација на постоечкиот лифт (ознаки на Браево писмо и ширина на врата за влез на инвалидска количка) и поставување внатрешна и надворешна пристапна рампа.
 

“Проблем ми е движењето по улица”

Дваесет и четиригодишната Ирена Бојмалиева од Гевгелија е апсол­вентка на Правниот факултет, која бележи одлични успеси, иако уште на 16 години го изгубила видот и оттогаш чита со до­пир, а учи со помош на аудиовизуелен материјал. Студирањето &  е олеснето со компјутер со звучен сигнал. “Сама си варам кафе на­­утро, а можам да подготвам и појадок без ничија помош. Во прос­­торот каде што живеам се снаоѓам лесно, па дури одам и до мен­зата да земам појадок за цимерките. Проблем ми е движењето по улица затоа што не знам да го користам стапот за слепи, ниту пак можам да се снајдам во непознат простор, бидејќи за разлика од другите лица, никогаш не сум учела ориентација во простор”, вели таа.   
 

Даниела Стојановска, Претседателка на Здружението на студенти со посебни образовни потреби
Отворено да зборуваме за хендикепот


За жал, с$ уште постојат студенти со хендикеп коишто на хен­ди­кепот гледаат како на бариера во извршувањето на секојдневните обврски и активности. На дел од нив, како интровертни личности, тешко им е пред најблиските и пошироката средина да коментираат и јасно да ги дефинираат своите потреби. Еден дел од нив, неприфаќајќи го својот хендикеп, се трудат да го из­бег­нат тоа и не се декларираат себеси како студенти со хендикеп и тоа е предизвикано од предрасудите и стравот од етикетирањето од средината.

Другиот дел од студентите, оние коишто ја пополнија анкетата, се екстровертни и отворено зборуваат за својот хендикеп, за своите потреби и можности и со нив многу полесно успеваме заеднички да ги воочиме потребите, пречките и тешкотиите и по­лесно да ги надминеме истите. Но, и ед­ните и другите коишто оваа година ни пристапија и станаа наши членови (кои­што не беа вклучени во истражувањето, и се студенти од прва година), оваа година, го согледаа нашиот оптимизам и желбата навистина само да создадеме еднакви услови во коишто тие полесно и поедноставно ќе се вклучат во воспитно-образовниот процес. Само со создавање еднакви услови, овие студенти ќе ја постигнат својата рамноправност, бидејќи тие воопшто немаат посебни потреби, туку имаат исти потреби за коишто се потребни посебни услови за коишто ние како организација се бориме да се реализираат преку измени и дополнување на Законот за високото образование.

 
Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA