Одржливост на проекти II
Институционалниот капацитет обезбедува фондови
Економските и финансиските состојби За одржливоста на проектот се потребни и финансиски средства за да се овозможи функционирањето и евентуалните поправки на опремата, платите на ангажираниот персонал и сл. Доколку овие трошоци се несоодветни на економските услови во местото каде се спроведува проектот, тогаш и одржливост е ниска.
Проектите треба да се вклопат во контекстот, во постоечките политички, економски, институционални и културолошки услови. Овие надворешни фактори често пати се надвор од влијанието на развојната интервенција, но можат да ја поддржат или, пак, да ја оневозможат истата.
Обезбедувањето одржливост на проектите е сложена работа и бара многу анализи и проценки, како и добро познавање на состојбите во местото каде се спроведува интервенцијата. Затоа, во зависност од сложеноста на развојната интервенција и целите кои треба да сепостигнат, постојат повеќе различни нивоа на одржливост.
Ниво на целната група Целната група може да продолжи со продуктите и услугите испорачани со поддршката.
На пример: фармерите ги користат унапредените начини на одгледување на стоката, претприемачите продолжиле да го користат начинот на маркетинг на своите производи, водата од изградениот водовод се користи од сите жители и сл.
За да може да се обзбеди ова ниво на одржливост, потребно е да постои интерес на целната група, трошоците за одржување да бидат прилагодени кон економската состојба на целната група, да постои доволен технички финансиски и управувачки капацитет.
Ниво на комерцијална поддршка на целната група Организациите кои биле вклучени во испораката на продукти и услуги може да продолжат да ги испорачуваат истите и по завршувањето на проектот.
На пример: можност за подигнување кредити, дистрибуција на сточна храна, одржување на водоводот и сл.
Неопходни услови за да се обезбеди ова ниво на одржливост се: интерес на целната група за продуктите и услугите, професионален интерес на организацијата, постоење поволни релации базирани на реални цени прифатливи за целната група, доволен технички, финансиски и управувачки капацитет на организацијата за да продолжи со работа.
Ниво на некомерцијална поддршка на целната група Вклучените организации во проектот може да продолжат со нивните некомерцијални услуги за целната група.
На пример, обука за менаџерите, маркетинг на производите, совети за управување со системот за водоснабдување и слично.
Неопходните услови се: интерес на целната група за услугите, професионален интерес на организациите кои се вклучени, технички и управувачки капацитет, ефикасен и ефективен систем за испорачување, комбиниран со финансиски механизам, како што е на пр. партиципација на целната група, супституции од владата и слично).
Ниво на институционален развој Активностите на одржување и проширување на развојната интервенција продолжуват да се спроведуваат самостојно по завршувањето на проектот, (идентификацја, формулација, набљудување и оценка).
Неопходни услови се: професионален интерес на вклучената организација, управувачки капацитет за развој на страегии и спроведување, ефикасна и ефективна администрација, ефикасен механизам за финансирање на трошоците за администрирање и раководење со поволни (исплатливи) финансиски релации.
ПОИМНИК
Институционален развој е создавање или јакнење на мрежа од организации за ефективно создавање, доделување и користење човечки, материјални и финансиски ресурси со што се постигнуваат посебни цели врз одржлива основа.
Организациско јакнење се мерки за подобрување на перформансите на една организација односно за подобрување на способноста на организацијата да врши избрани активности стремејќи се да ги постигне целите на таа интервенција.
Критериуми за успешна организација се: легитимност, погодност, ефикасност ефективност флексибилност и одржливост. |