|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Ваишнавска верска заедница “Искон” |
International Society for Krishna Consciousness |
Адреса: ул. Хаванска бр.2, 1000 Скопје Лице за контакт: Александар Ускоков Телефон: 02 3062 087 Телефакс: 02 3062 107 е-пошта: aleks_uskokov@hotmail.com Веб-страница: -
|
Матичен број: 4712358 Даночен број: 4030993258440 Жиро-сметка: 220529100486780
Свештени лица: 15 Образовни кадри: 50 Вработени: - Верници: 200 |
СТРУКТУРА |
Највисока свештена/духовна функција: Даса АЦ Бактиваибава Свами (Даса АЦ Бактиваибхава Сњами) (Регионален секретар)
Највисока световна функција: Александар Ускоков - Претседатеl
Структура: - Храмски совет - Собрание на верници
Членови на највисокиот орган на верската заедница: - Александар Ускоков – претседател на Советот - Владимир Николовски - член на Советот - Виктор Илиевски - член на Советот - Васил Каракамчев - член на Советот - Боби Спасовски - член на Советот - Петар Спасеновски - член на Советот
Проценето постоење на верската заедница: Во светот: 1966 Во Македонија: 1984 Регистрација: 1996 |
Вид и број на верски објекти: 1 храм
Поважни верски објекти: Центар за верски студии Адреса: ул. Хаванска бр.2, 1000 Скопје Лице за контакт: Александар Ускоков Телефон: 02 3062 087
Верски обреди: Утринска програма (08:15) Вечерна програма (19:00)
|
Верска поука: Повремени семинари | |
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
| |
Кампањата “Учиме за ЕУ” Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. | |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. | |
Катерина Хаџи-Мицева Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот | |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка | |
Донација Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило | |
Проект на Биосфера од Битола Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола | |
|
|